• Latest

Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир

April 5, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир

April 5, 2018 10:25
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во каква состојба ја затекнавте општина Чаир, односно во какви финансиски, кадровски и просторни услови? 

– Општина Чаир ја преземав во стабилна состојба, со администрација полна со ентузијазам и подготвена за нови предизвици. Но, како и секоја единица на локалната самоуправа, нормално и општина Чаир се соочува со наследени проблеми од различни области, кои се надевам со добро изградена стратегија во иднина ќе бидат надминати, вели Ганиу.

Каква е состојбата во општината во моментов и што е преземено откако сте на функцијата градоначалник?

– Во моментов општина Чаир се наоѓа во фаза на анализирање на фактичката состојба и во фаза на подготовка на документацијата за отпочнување на главните проекти кои се очекува да се реализираат до крајот на овој мандат.

На почетокот и покрај проблемите со конституирање на органите на Советот на општина Чаир и доцнењето во процесот на усвојување на буџетот на општина Чаир за 2018 година, преземавме повеќе акции.  Меѓу нив се акцијата за одржување јавна чистота со зголемен капацитет во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, акција за кастрење на гранките од дрвјата на улиците „Џон Кенеди“, „Македонско-косовска бригада“,„Втора македонска бригада“, „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Кемал Сејфула“ и паркот Чаир за да има поефикасно осветлување на јавните површини. Акција беше во соработка со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Се спроведе акција на комуналниот инспекторат за отстранување на нелегалните продавачи од тротоарите, се реализира декорирање на територијата на општината по повод пречекот на Новата 2018 година.

Општина Чаир има нова веб-страница на три јазици – македонски, албански и англиски јазик со цел подобрување на нивото на транспарентност. Во рамки на веб-страницата има услуга „Контактирај ја општината“ каде граѓаните можат да пријават проблеми и да поставуваат прашања кои ќе бидат одговорени од страна на Службата за информирање, подвлече Ганиу.

Кои се приоритетите на општина Чаир? 

– Главните приоритети во текот на мојот мандат произлегуваат од предизборната програма именувана како „Договор со граѓаните 2017-2021“. Би истакнал некои од нив, за кои веќе се преземени првите чекори во поглед на обезбедувањето на потребната документација: изградба на три катни гаражи како решение за зголемување на постојните капацитети за паркирање, асфалтирање на сите улици во надлежност на општина Чаир за што се одвоени 40 милиони денари, изградба на Локален младински центар во населба Серава, ревитализирање на постојните и изградба на нови зелени површини.

Дел од моите приоритети се подготовка и имплементација на проект за еднонасочни улици во населбата Стар Чаир и Топанско Поле, поставување нова хоризонтална и вертикална сигнализација на улиците „Благоја Паровиќ“ и „Методија Митевски“, поставување ново улично осветлување на улиците „Орган Чопела“, „Топаана“ бр. 356, „Серава“, „Дижонска“ бр.3, паркинг зад улицата „Џон Кенеди“ и улицата „Максут Садик“, изградба на затворен училишен пливачки базен, реновирање на салата „Партизан“ за која се одвоени 12 милиони денари, поставување нови корпи за отпадоци и парковски клупи. За сите реализирани активности на време ќе ги информираме граѓаните, посочи Ганиу.

Магдалена Ристоманов 


извор: МИА

Tags: Висар ГаниуОпштина Чаир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ