• Latest

Сведочења за 27 април, обиди за одолговлекување на „Тенк“

April 11, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сведочења за 27 април, обиди за одолговлекување на „Тенк“

April 11, 2018 07:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Јавноста  вчера слушна  искази на уште тројца сведоци за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот на 27 април минатата година, а интензитет добиваат и рочиштата за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кој се однесува на набавка на „луксузен“ мерцедес.

За нападот на Села вчера сведочеа претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски, а уште тројца сведоци треба да бидат сослушани на ново рочиште  на 16 месецов.

Според Џафери, лицата кои насилно влегле во Собранието и собранискиот прес-центар се заканувале дека ќе ги убијат сите и оти никој нема излезе. Тој во судницата препозна пет лица кои според него меѓу првите влегле во прес-центарот на Собранието на Република Македонија и ги нападнале пратениците.

Манчевски,  меѓу останатото, наведе дека слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за лица по име, а дел генерално за сите. Се слушало, како што рече, „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“

Како што оцени по завршувањето на рочиштето Кирацовски, 27 април ќе остане црн датум од поновата историја на Македонија, датум на кој беше поткопан уставниот поредок, нападнати и повредени пратеници, новинари и вработени во Собранието.

Обвинетите за овој случај Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра на претходните рочишта се изјаснија за невини.

За предметот „Тенк“, пак, на целодневното рочиште се  слушаа прислушувани разговори кои се доказ во постапката. Претходно, беа отфрлени барањата на одбраната „бомбите“ да не се пуштаат во судница и за изземање на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и судечкиот совет. СЈО тоа го оцени како обид на одбраната на обвинетите за одолговлекување на постапката.

Одбиеното изземање на судиите е доказ дека ова е политички, а не правен процес, оцени поранешниот  премиер Никола Груевски кој со поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски се обвинети за набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.

– Судскиот совет денеска постапи сосема спротивно од советот во четвртокот кога адвокатите побараа изземање на судиите, претседателите и нивните заменици на Кривичниот и Апелациониот суд, реагираше  Груевски, кој е обвинет во повеќе предмети на СЈО.


Извор: МИА

Tags: 27 април. СобраниерочиштасведоштваСЈОТенк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ