• Latest

Заврши проектот „Подобри услуги за подобри луѓе“ во Делчево

April 11, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заврши проектот „Подобри услуги за подобри луѓе“ во Делчево

April 11, 2018 12:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Заврши проектот „Подобри услуги за подобри луѓе“ во рамките на Програмата „Општинско-корисна работа 2017 година“ со која во Делчево беа ангажирани 15 невработени лица кои опслужуваа месечно 419 крајни корисници од различна возраст и припадност.  

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски денеска им ги додели сертификатите на ангажираните лица истакнувајќи дека за прв пат откако се спроведува Програмата во Делчево, на три лица им е продолжен договорот за работа што зборува за одржливоста на Програмата.

– Чест ми е што денеска имам можност да ги доделам потврдите на 15-те ангажирани лица од програмата „Општинско- корисна работа 2017 година“ кои изминативе 6 месеци се грижеа за стари и изнемоштени лица, работеа како негователки, или во кујната во детската градинка, а имаше ангажирано и еден  психолог. Верувам, дека со здобиеното работно искуство, ќе успеат постепено да се интегрирааат во редовниот пазар на труд. Точно и тоа е една од целите на Програмата- социјално вклучување на регистрирани невработени лица кои се соочуваат со потешкотии да влезат на пазарот на трудот, но се подготвени да се здобијат со вештини и квалификации.  Јас, во оваа прилика, најавувам дека Општина Делчево ќе ја продолжи соработката со надлежните институции и оваа успешна формула да продолжи да пишува позитивни човечки приказни, но и преку обезбедување услуги од социјалната сфера, да им помогне на жителите на територијата на Делчево, истакна Трајковски.

Раководителот на Центарот за вработување во Делчево, Билјана Прачковска, потенцираше дека Општина Делчево веќе шест години е активно вклучена во оваа Програма која се реализира во соработка со Центарот за вработување, Центарот за социјални работи и УНДП.

-Оваа година беа спроведени четири различни активности, со 15 ангажирани лица на скратено работно време од 20 часови неделно во период од шест месеци, при што за работниот ангажман лицата добиваа надомест од 6200 денари месечно. Поради успешната реализација на Програмата во Делчево, наредниот период таа ќе продолжи со имплементација, при што ќе биде зголемен бројот на 20 ангажирани лица, а исто така ќе биде зголемен и износот на средствата кои овие лица ќе го добиваат за својот ангажман, истакна Прачковска.

Вкупниот буџет на проектот за 2017 изнесуваше 661.100 ден и тоа 558.000 ден. средства обезбедени од УНДП за плати за ангажираните лица и 103.100 ден средства од буџетот на Општина Делчево за персонален данок и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.


Извор: МИА

Tags: „Подобри услуги за подобри луѓе“Горан ТрајковскиГрадоначалникот на ДелчевоУНДПЦентарот за вработувањеЦентарот за социјални работи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ