• Latest

20 април низ вековите

April 20, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

20 април низ вековите

April 20, 2018 07:09
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на исламот, според муслиманското верување – „Последниот пророк“. Во 40 година почнал да проповеда нова вера во еден Бог, но во почетокот имал малку приврзаници. Бидејќи не успеал во Мека, по 10 години отишол во Талф, а подоцна во Медина, каде што ја основал првата општина на новите верници.

1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер Кромвел го распуштил Парламентот и вовел лична диктатура како лорд-протектор на Англија.

1657.- Англиската флота, под команда на адмиралот Роберт Блејк ги нападнала и потопила сите 16 шпански воени бродови во пристаништето Санта Круз на Тенерифе, а потоа го уништила градот.

1768.- Умрел италијанскиот сликар Каналето, еден од најдобрите сликари на пејзажи во 18 век. Најмногу ја сликал Венеција, нејзините канали и палати.

1808.- Роден е францускиот цар Шарл Луј Наполеон Трети Бонапарта. Надевајќи се на успех, ја започнал војната против Прусија. Неговата цел била да го спречи обединувањето на Германија, но на 1 октомври 1870 година во битката кај Седан бил заробен и тргнат од престолот, а Франција на 4 октомври 1870 година повторно станала република. По склучувањето на мирот со Прусија, во 1871 година  емигрирал во Велика Британија, каде умрел во 1873 година.

1889.- Во Браунау, Австрија е роден Адолф Хитлер, водачот на Третиот рајх и на нацистичка Германија, еден од најголемите злосторници во историјата во човештвото. Откако на Радио Москва ја слушнал веста дека единиците на Црвената армија истакнале црвено знаме на Рајстагот, на 30 април 1945 година, изврши самоубиство во својот бункер, во Берлин.

1893.- Роден е каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Тој студирал во родната Барселона, а од 1919 година живеел во Париз. Кратко творел под влијание на кубизмот, но од 1924 година го изградил неповторливиот личен стил заснован на крајно спонтано регистрирање на формата и знаците кои ги евоцираат потсвесните претстави на примарните и елементарните витални состојби.

1893.- Роден е американскиот филмски актер Харолд Лојд, еден од најголемите комичари на немиот филм. Филови: „Сигурноста на последно место“, „Бруцош“, „Чувај се, професоре“, „Луда среда“.

1936.- Трупите на Италија кои во почетокот на октомври 1935 година без објавување војна влегле во Етиопија, презеле решавачка офанзива против етиопските сили и успеале да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат земјата.

1948.- Во близина на селото Богацко, Костурско, Егејска Македонија, во борба против грчките монархофашисти загинал Јани Лукаров, истакнат борец во македонското националноослободително движење и на Демократската армија на Грција. Роден бил во селото В’мбел, Костурско во 1922 година.

1972.- Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спуштило на површината на Месечината.

1984.- Велика Британија соопштила дека нејзината администрација во Хонгконг ќе престане да функционира во 1997 година.

1994.- Израел и Палестинската ослободителна организација постигнале Договор за пренесување на власта на Палестинците во областа Газа и во градот Ерихон на Западниот Брег.

2006.- Романските власти наредиле евакуација на 1.000 луѓе поради рекордно високиот водостој на Дунав. Своите домови претходно ги напуштиле околу 7.000 луѓе во 129 населени подрачја, повеќе од 700 куќи беа потопени, а 75.000 хектари земја се нашле под вода.


Извор: МИА

Tags: 20 априлвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ