• Latest

Засилените сообраќајни контроли се оправдани и неопходни

April 26, 2018

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Засилените сообраќајни контроли се оправдани и неопходни

April 26, 2018 09:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За шест часа во Скопје изминатиот викенд во период од 23 часот  до пет часот утрината МВР санкционираше 248 пијани возачи од 726 контролирани. Тоа е една третина, однсоно секој трет возел во алкохолирана состојба.

МИА побара став од претседателот на Републичкиот собет за безбедност на сообраќајот и патиштата Стојче Стаменковски за акцијата на полицијата како и за активностите на РСБСП во намалувањетои на возењето во алкохолизирана состојба но и за претстојните матурски прослави.

Господине Стаменковски, со цел да се намали бројот на сообраќајните прекршоци, во Скопје МВР ги зајакна сообраќајните контроли, но вакви акции најави и за во другите градови. Министерот Спасовски бројот на направените прекршоци го означи како алармантен. Кој е вашиот коментар?

– Бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и  повредени  лица во сообраќајни незгоди  е во пораст и тоа е факт кој што не  само што не смееме да го занемариме,  туку и факт кој што укажува на потребата од  имплементација на засилени и итни мерки.  Согласно тоа,   можам да кажам дека засилените контроли од страна на Министерството за внатрешни работи се оправдани и неопходни, а граѓаните треба  да сватат дека целта на репресивните мерки не е нивно санкционирање заради наплата на казни, туку одвраќање на прекршителите од повторување на прекршокот, а со тоа и заштита на животот и здравјето на учесниците во сообраќајот.  РСБСП постојано потенцира дека најбрзи и најефикасни резултати во насока на подобрување на безбедноста на патниот сообраќај може да се остварат преку имплементација на превентивни активности проследени со постојано присуство на полицијата на терен и секако со континуирано подобрување на сообраќајната инфраструктура.  Само така може да ја промениме  култура и свест за  максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од сите групи учесници во сообраќајот и согласно тоа ги поддржуваме  последните акциски контроли на МВР потенцирајки дека истите треба да бидат редовни и континуирани.

Викендов во Скопје секој трет возач возел во алкохолизирана состојба. Дали зајакнатите контроли ќе придонесат за намалување на пијаните возачи? 

– Познат аргумент е дека репресијата си има свое влијание во промена на сообраќајното поведение. Едноставно постои една група на учесници во сообраќајот кај кои затајува свеста и одговорноста и на кои не може да им се дејствува превентивно. За оваа група учесници во сообраќајот најдобри мерки се  репресивните мерки, т.е санкците.

Од друга страна,  познавајки го менталитетот на македонскиот народ, ќе потенцирам дека ваквите интензивни сообраќајни контроли  имаат силно превентивно влијание врз однесувањето на учесниците во сообраќајот. „Страв лозје чува “  е стара македонска поговорка  и  поради тоа сметам дека зајакнатите полициски контроли ќе го постигнат саканиот ефект.

РСБСП  ги следи преземените мерки од Министерството за внатрешни работи и во наредниот период, особено во пресрет на прославата на матурските вечери,  ќе реализира голем број на  едукативни, сообраќајно превентивни  активности,  на тема неуправување на моторно возило под дејство на алкохол.  Верувам  дека и РСБСП и МВР,  подготвени ќе го пречекаме летниот период  кога традиционално многу повеќе се консумира алкохол и се вози во алкохолизирана состојба, а со тоа и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди речи си секоја година,  двојно се зголемува.

Рековте дека репресивните мерки ќе влијаат врз сообраќајното поведение на возачите. Дали казните ќе придонесат за зголемување на свеста на граѓаните да ги почитуваат правилата во сообраќајот, викендов, освен возење во пијана состојба се регистрирани и 454 други сообраќајни прекршоци?

– Секако, како и за алкохолот,  овие репресивни мерки верувам дека ќе го дадат својот ефект во подигнување на сообраќајна свест и култура. Впрочем,  контролите на сообраќајната полиција не се однесуваат само на прекршокот за управување на моторно возило под дејство на алкохол туку се санкционираат сите сообраќајни прекршоци со кои се загрозува безбедното одвивање во сообраќајот. Затоа очекувам засилените полициски контроли да влијаат на целокупното однесување на учесниците во сообраќајот, а со тоа очекувам и поголем ред, култура и етика во сообраќајот односно побезбеден сообраќај.

Скопјани реагираа дека некои од нив биле по четири пати запирани заради сообраќајна контрола?

– Полицијата е таа што треба да се грижи за соодветно спроведување на законот и санкционирање на сето тоа што е спротивно на законот. Полицијата има право да прави и повеќекратни  контроли со цел да спречи прекршување  на пропишаните правила и прописи.  Во земјите од Европската унија  сообраќајот е под постојан мониторинг и под постојана контрола од камери, дронови итн. Се додека не се имплементира тој систем и кај нас и се додека свеста и одговорноста кај учесниците во сообраќајот не се издигне на највисоко ниво, ваквите силни контроли се потребни и оправдани.  Граѓаните треба да знаат дека овие контроли се прават за нивна заштита од несвесните возачи, а совесните возачи немаат причина зашто да се грижат.  Кога ќе се случи некоја сообраќајна незгода со фатални последици сите реагираат и укажуваат на потребата од засилено присуство на полицијата на терен, кога е полицијата на терен и дејствува превентивно, тогаш се жалиме за санкциите и останатите работи.  Сметам дека реакциите на граѓаните се несоодветни и неоправдани,  присуството на сообраќајната полиција на терен е  повеќе од потребно.

Какви мерки презема РСБСП за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на сообраќајните правила?

– РСБСП не само сега, туку и во минатото, во континуитет работи на подигнување на сообраќајната свест и култура. И во оние моменти кога фокусот и капацитетите на останатите институции беа насочени кон други цели поради одредени општествено политички случувања, РСБСП  беше постојано активен и присутен во јавноста. Нашите активности се постојани и се насочени кон сите целни групи учесници во сообраќајот, со примарен акцент на ранливите групи учесници во сообраќајот, како што се децата, младите, пешаците, велосипедистите и мотоциклистите. Тековно, РСБСП реализира сообраќајно воспитни манифестации за децата и младите од основните и средните училишта, организира едукативни акции и настани, изработува и дистрибуира  едукативни материјали, симулациони вежби,… Во наредниот период во нашиот фокус ќе бидат младите и велосипедистите, потоа ќе се реализира традиционалната Летна кампања 2018, итн. Со други зборови како и до сега, така и во наредниот период,  РСБСП ќе биде  континуирано активен и присутен на терен.

Борис Куноски

фото: Дарко Попов


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: безбедностконтролисообраќај
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ