• Latest

Организаторот на ученичката екскурзија во Неготино виновен за немилите настани

April 28, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Организаторот на ученичката екскурзија во Неготино виновен за немилите настани

April 28, 2018 12:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Советот на родители при Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј” во Неготино, по одржаните родителски средби, разговори со класните раководители и со ученичката заедница на учениците од трета година, кои беа на екскурзија за Италија и Франција, утврди дека главен виновник за сите случувања и немили настани во врска со екскурзијата е сопственикот на агенцијата која го организираше патувањето.

Ова го објави Советот на родители на фејсбук групата на училиштето. Родителите го утврдиле тоа заради, како што пишуваат, непрофесионалниот однос и нечовечкиот однос кон учениците и професорите, неисполнување на предвидената програма (заради неорганизираност со време, водичи, неплаќање паркинзи и слично), престоj во хотели кои се далеку од нивото на прикажаното во понудата, немање професионален водич на патувањето (непознавање на странски јазик), небезбеден и некоординиран превоз (доцнење, лутање по патиштата, немање на клима уреди и слично) и уште многу други неправилности кои се забележани во текот на патувањето од страна на професорите и учениците.

„За оправдување на сите недостатоци, односно непрофесионалност, сопственикот се служи со лаги и манипулации на јавноста, со фотографии од сомнителен карактер и меилови кои може секој да ги состави и нарача“, стои меѓу другото во објавата на Совет на родители, кој од него едногласно бара јавно извинување заради омаловажување и исмејување на децата пред македонската јавност.

Од Советот додаваат дека учениците кои биле на екскурзија се културни и воспитани личности, кои и во градот, а и на екскурзијата, од искажувањето на професорите и вработените во хотелите каде што престојувале, се однесувале примерно без никакви инциденти и немили настани. Случајот со двајцата ученици оставени во Италија го испитуваат соодветни служби.


Извор: МИА

Tags: екскурзијаНеготиноСовет на родителиУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ