Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во планинските предели со услови за краткотраен пороен дожд особено на исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, дневната од 22 до 30 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови.
Извор: МИА