• Latest

Коѕијас: Ако нема договор нема да бидеме ние виновни, тоа го знае вселената

May 2, 2018
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Коѕијас: Ако нема договор нема да бидеме ние виновни, тоа го знае вселената

May 2, 2018 10:55
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние правилно направивме што го отворивме прашањето за ерга омнес, можевме да раководиме со преговорите, а со тоа да бидеме блиску, за првпат толку блиску, до договор. Но, и да не постои договор, нема ние да бидеме виновни и ова го знае вселената“, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во интервју за емисијата „Историес“ на грчката телевизија Скај.

Коѕијас смета дека преговорите одеа и одат добро, но треба и веќе е прашање на другата страна „дали ќе прифати ерга омнес, а тоа е смела одлука“ и објаснува дека е погрешна перцепцијата, ерга омнес да биде само за надворешна употреба.

„За да биде вистинско ерга омнес треба да се имплементира и во внатрешноста на земјата. Може да се склучи меѓународен договор што ќе го содржи сето ова? Може и постојат правници што веруваат во тоа. Но, искуството покажува дека ако се смени оваа влада, следната ќе го испрати Заев во затвор, велејќи дека го прекршил Уставот, со прифаќање на меѓународно име што не е предвидено и не е дозволено од Уставот. Односно и за нивна заштита, како што им имам објаснето, потребна е промена на Уставот“, вели Коѕијас.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, министерот за надворешни работи на Грција, во синоќешното интервју за Скај, овој негов став уште еднаш го поткрепи со примерот со документите, дека не може во внатрешните и надворешните документи да се користи различно име, бидејќи ќе има моменти кога еден внатрешен документ, на пример, лична карта или Уставот, или, пак, диплома од факултет, да треба да се преведат на друг јазик за употреба во странство, и во тој случај би го содржеле не новото, туку уставното име. Според Коѕијас, ова би довело до секојдневни несогласувања за тоа кое име би се користело.

„Тоа ќе биде континуирана кавга. Затоа, секој пат потенцирам дека решението треба да биде стабилно, долготрајно и да решава, наместо да создава проблеми“, додава Коѕијас.

Во однос на членството на Македонија во НАТО, запрашан за тоа дали е можна една „привремена интеграција“ одговара негативно, објаснувајќи дека тоа може да создаде проблем и притисоци врз Грција.

„Може да се договориме да се даде покана, од НАТО се дава покана и потоа таа се ратификува во парламентите. Потоа, парламентите тоа го испраќаат до САД, во Вашингтон, бидејќи е чувар на договорите на НАТО уште од формирањето. Тука, во што е проблемот? Им објаснувам на сите. Да речеме дека се 29 држави членки на НАТО, 28 од нив завршиле со ратификацијата, а ние не го имаме ратификувано бидејќи не ги направиле промените што ги ветија. Кој ќе јаде ќотек? Тие од 28-те земји или ние, што ќе не притискаат? Така ќе се префрли проблемот“, рече Коѕијас, пренесе МИА.

Шефот на грчката дипломатија, уште еднаш повтори дека времето е многу кратко за постигнување договор до јулскиот самит на НАТО. Објасни дека за одржување референдум во Македонија, потребни се два месеца, потоа ќе треба да се ратификува во собранието, па во ОН, за да се потпишат меѓународните договори. Сѐто ова, според Коѕијас, не би можело да се направи во периодот што преостанува, односно за два месеца.

Во однос на тоа дали постои договор за името, тој вели дека не е проблемот во тоа кое ќе биде новото име, бидејќи е договорено да биде сложено и географско, а Македонија ќе треба да одбере еден од предлозите на Нимиц, со исклучок на Република Македонија (Скопје), име кое веќе е отфрлено од грчката страна.

Запрашан за тоа дали медијаторот доставил конечен и комплетен предлог, Коѕијас вели дека Нимиц направил проценка на последните преговори, „која страна треба да донесе одлука и да се согласи“, но не откри која е страната што треба да направи отстапка. Шефот на грчката дипломатија коментира дека медијаторот е објективен и покрај тоа што понекогаш и едните и другите имаат поплаки.

„Понекогаш ние имаме поплаки, некогаш имаат другите. Господинот Нимиц 25 години работи на ова, нѐ виде дека се доближивме до решение, го гледа доброто расположение и од двете страни и се обидува да нѐ охрабри да завршиме“, вели Коѕијас.

Министерот за надворешни работи на Грција, смета дека за Грција било најсоодветен момент да се започнат преговорите бидејќи, според него разговорите биле и се меѓу двете страни, затоа што „Германија многу месеци немаше влада, а САД не се многу заинтересирани за Западен Балкан, како што беше случај во минатото“.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: имеинтервјуНикос Коѕиас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ