• Latest

СЈО бара конфискација на имотот на Груевски и Протуѓер

May 9, 2018

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СЈО бара конфискација на имотот на Груевски и Протуѓер

May 9, 2018 15:28
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителите на Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште за „Титаник“ побараа од Судот да им се конфискува имот на обвинетите Никола Груевски и Мартин Протуѓер во вредност од 34.908.000 денари.

Конфискација на имотот што одговара на незаконски обезбедени средства, обвинителите побараа и за други обвинети во овој случај.

Претходно, судечкиот совет го отфрли како недозволено барањето на одбраната за изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Адвокатот Димитар Дангов бараше од Судот решението со кое се одби барањето за изземање, да и се достави на одбраната во формално правна форма со право на жалба. Но, судијата Осман Шабани го одби неговото барање.

Пред почетокот на главната расправа Дангов побара Судот да обезбеди уште една камера која ќе го снима и судечкиот совет.

Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова образложувајќи го обвинението рече дека претставува злосторничко здружување за кое постојат многу докази.

Таа истакна дека ќе докажат оти за изборите во 2013 за избор на пратеници од дијаспората, обвинетите Груевски, Јанакиески и Јанкулоска формирале група за да ги добијат пратеничките места на незаконски начин.

Според СЈО, за време на изборите во 2011, 2013 и 2014 година тие незаконски прибирале средства за партијата на која и припаѓаат.

За време на изборите во 2011, 2013 и 2014 година, како што рече Стефанова, извршиле кривично дело за финансирање на кампања.

Во обвинението е посочено дека Груевски и Протуѓер во 2011 година обезбедиле над 500 илјади евра со ПП налози уплатени на изборната жиро сметка од Далибор Нешковиќ на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ како донација на 529 физички лица.

– Во 2011 година Груевски, Јанакиески, Протуѓер и Кирил Божиновски изнајмиле опрема платена од Трансмет во износ над три милиони денари, кои не ги внеле во регистарот на донации, а за тоа ќе сведочат  и лица од компаниите, рече Стефанова.

Во 2013 година, како што е наведено во обвинителниот акт, Илија Димовски и Леко Ристевски незаконски обезбедените 470.000 евра исто како обвинетиот Далибор Нешковиќ и ги уплатиле како донации од физички лица, а за ова, според СЈО ќе сведочат наводни донатори.

Во 2014 година пак, Илија Димовски и Леко Ристевски незаконски обезбедиле 52.233.654 денари и преку Далибор Нешковиќ внеле на жиро сметка како уплата на чланарини од наводни членови.

СЈО во доказите ќе го презентираат и избирачки список со граѓани кои биле обележани како гласачи на партијата на власт и оние кои со притисок требало д се придобијат.

Како што истакна обвинителката Стефанова, од СЈО ќе докажат дека обвинетите формирале пара-полиција за време на изборите во Охрид за да вршат притисок врз граѓаните.

– Груевски од Јанкулоска побрал да организира лица од Албанија да добијат лични карти и да влезат во избирачките списоци  во Кичево, Центар и Ресен, рече Стефанова и додаде дека обвинетиот Едмонд Темелко давал подарок од 20 евра на лица од Албанија кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ.

Судењето за „Титаник“ ќе продолжи на 21 мај со воведно излагање на застапниците на одбраната.

Во „Титаник“ обвиенти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година. (МИА)

Tags: ВМРО-ДПМНЕМартин ПротуѓерНикола ГруевскиСЈОТитаник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ