Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат комисиите за транспорт, врски иекологија и за труд и социјална политика.
Пред Комисијата за транспорт се предлог – измените и дополнувањата на законите за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и за основање јавно претпријатие Македонска радиодифузија, двата во второ читање, додека пред членовите на Комисијата за труд се измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Предлог-законот за приватните агенции за вработување, двата во прво читање. (МИА)