• Latest

Светски ден на музеите

May 18, 2018
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светски ден на музеите

May 18, 2018 07:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Музеите во Македонија денеска со изложби и активности ќе го одбележат Светскиот ден на музеите 18 Мај, а некои од нив утре ќе се придружат на манифестацијата „Европска ноќ на музеите“. 

Влезот на Музејот на Македонија денеска ќе биде бесплатен за посетителите на кои ќе им биде подарена публикација. Во рамки на  „Европската ноќ на музеите во Република Македонија“, Музејот на Македонија утре ќе биде отворен од 19 до 1 часот по полноќ, а од  21 часот утревечер концерт ќе одржи групата  „Next to Silence“.

Музеј на Македонија плакат

Покрај постојаните поставки – Етнологијата во Македонија (народни обичаи, традиционални музички инструменти, народни носии и накит, покуќнински предмети, народни ткаеници, традиционални занаети, нардоно стопанство и традиционална архитектура) и историската поставка: Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940-1949, во Музеј на Македонија ќе може да се види и привремената изложба: Ликовни дела на Васко Ристовски „Македонска наивна уметност“.

Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе ги промовира новите простории на најстарата и најголемата специјализирана археолошка библиотека во Македонија. Фондот на библиотеката има повеќе од 6000 книги (со преку 20.000 стручни и научни трудови од домашни и странски автори).

Создаван е во текот на 57 години од формирањето на првата библиотека при Археолошкиот музеј во 1961 година. Меѓу бројните книги се и многу ретки изданија, објавувани од почетокот на 20 век, а најстарото од нив потекнува од 1881 година.

Археолошки музеј

Светскиот ден на музеите со две тематски изложби ќе го одбележи и Природонаучниот музеј. Од денеска до 10 септември во овој музеј ќе бидат поставени геолошко-палеонтолошката изложба „Раѓањето на Фрушка Гора“ од д-р Иван Дулиќ и „Карпи – скриени бои и форми“ на Дарко Тимотиќ.

На изложбата „Раѓањето на Фрушка Гора“ ќе бидат изложени над 230 фосилни родови и видови на морска и слатководна фауна, копнена вегетација и остатоци од плеистоценски цицачи, од кои најстарите се од пред 70 милиони години. На изложбата се прикажани и пресеци на магматски, метаморфни и седиментни карпи од Тетискиот Океан (од пред околу 250 до 40 милиони години).

Во рамки на изложбата „Карпи – скриени бои и форми“, пак, авторот Дарко Тимотиќ на повеќе од 30 фотографии од уметничка гледна точка
преку макрофотогрфии на пресеци на најинтересните примероци на карпи, минерали и скапоцени камења од целиот свет, ја доловува убавината на геолошкиот диверзитет, со посебен акцент на примероци од различни локалитети во Србија.

Природонаучен изложба

По повод Светскиот ден на музеите, Македонскиот национален комитет на ИКОМ (Меѓународен совет на музеите), денеска во 14 часот во Музеј на Град Скопје ќе ги додели наградите за 2017 година, по објавениот Конкурс за особени достигнувања во музејската дејност.

Ќе додели награди во четири категории: Музеј на годината, Музејски проект на годината, Музејски работник на годината и Надворешен музејски соработник.

Светскиот ден на музеите традиционално се одбележува на 18 мај од 1977 година, со цел да се подигне свеста за важноста на музеите и културното наследство во развојот на едно општество. Утврден е од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ (ICOM – International Council Of Museums) кој е формиран во 1946 година.

ИКОМ Македонија

 

Целта на основањето на ИКОМ е да се создаде мрежа на музеи и музејски професионалци од земјите од светот кои се грижат за културното и за природното наследство. Република Македонија се вклучи во таа мрежа во 1993 година, со формирањето на Македонскиот национален комитет (МНК) на ИКОМ. (МИА)

Tags: музеиодбележувањесветски ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ