• Latest

Вечерва започнува „5-ти Меѓународен Малински фото-фестивал“

May 21, 2018
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вечерва започнува „5-ти Меѓународен Малински фото-фестивал“

May 21, 2018 10:16
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Уметничката галерија на Локалана установа Градски музеј Крива Паланка вечерва ќе биде отворена клупската изложба на фотографии од фото – клуб Куманово –„ Тумба“, со што официјално ќе биде отворено петтото издание на „Малинскиот фото фестивал“.

Годинашното јубилејно издание на фестивалот ќе се одржи во пет града, а ќе бидат претставени над 400 фотографии од 80-тина реномирани домашни и странски фотографи.

– Во знак на петте години на одржување на празнувањето на фотографската уметност, организаторот – Фото клуб „Куманово“ подготви досега најбогата програма, со гостувања на врвни фотографски имиња. Свеченото отворање е вечерва, во уметничката галерија на локална установа Градски музеј, Крива Паланка, а покрај кривопаланчани, во волшепствата и импресиите на фото-објективот на  уметници од шест држави ќе уживаат жителите на Куманово, Свети Николе, Кратово и Штип. И годинава ја имаме честа да се дружиме со пријателите-фотографи од  Азербејџан, Полска, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, како и бројни учесници од Македонија, информира Викторија Златковиќ од фото-клуб „Куманово“.

На официјалното отворање вечерва, во 19 часот и 30 часот, прва изложба на програмата е Клубска изложба – избор фотографии од курсисти на Фото клубот-домаќин и организатор на настанот.

– Годинашната програма на фестивалот е богата: опфаќа пет самостојни изложби, три клупски и една меѓуклупска изложба од натпреварувачки карактер. Она што е карактеристично годинава е историскиот осврт на македонската фотографија, со акцент на проектот за Малински фото-фестивал, кој ќе влезе во историјата на фотографството во државата. На првата програмска вечер во Куманово, 25 мај, во Тетар Куманово свое излагање за проектот насловено „За Македонцката фотографија“ ќе имаат Владимир Јовановски и Стефан Илиевски, додека на 26-ти ќе бидат поставени меѓуклупската изложба „Круг 2018“, како и неколку самостојни и клупски изложби од странски и домашни автори. Последниот ден, 27 мај е резервиран за Кратово, каде ќе ги  погледнеме самостојната изложба на Ивона Кочов, од Фото кино-клуб „Битола“, клупска изложба на универзитетски Фото-кино клуб „Бања Лука“, а и ќе се дружиме со гостите-фотографи на традиционалното фото-сафари, додава Златковиќ.

Фото работилницата со која ќе раководи претседателката на клубот, Марина Крстиќ, со ученции од СОУ „Кочо Рацин“, Куманово е она што ќе го надополни и комплетира мозаикот на искуството, квалитетот, вонвременските експресии на фотографијата, која ја бележи традицијата и испишува историјата. Фестивалот ќе трае до 27 мај.

(МИА)

Tags: КумановоМалински Фото-фестивал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ