• Latest

Реорганизација на јавната администрација мора да има

May 21, 2018
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реорганизација на јавната администрација мора да има

May 21, 2018 14:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Сеопфтна и долготрајна реформа со вклученост на сите страни во нејзното креирање и доаѓање до ефикасна јавна администрација, беше пораката на денешната дебата „Зошто ни се потребни измени на законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор организирана во Скопје.

– Реорганизација на јавната администрација мора да има и ние работиме на тоа. Креираме политики што мора јасно да ги дефинираат правата и обврските на администрацијата за таа да биде ефикасна, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на денешната дебата, за која рече дека е само почеток на тоа што ќе следува наредниот период, а крајната цел е сите граѓани конечно да добијат администрација која одговара на нивните потреби.

Според него, еден од главните резултати што се сакаат да ги постигнат а што ќе се постигне и со дигитализацијата е да се влијае на намалување на корупцијата, што е еден од главните проблеми во администрацијата и на деполитизација на администрацијата.

– Тоа може да се направи преку јасни критериуми при изборот на најдобрите кандидати за вработување, но особено со професионализација на високите раководни позиции во администрацијата. Вработувањата и унапредувањата генерално и принципиелно мора да се прават согласно потребите на институциите, а не согласно потребите на владеачките партии, порача Манчевски.

Синдикатот на УПОЗ, исто така, е на ставот дека се потребни измени и дополнувања на двата закона или носење сосема нови.

Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на УПОЗ рече дека  со измени на Законот за административни службеници предложени од МИОА, кои во дел ги содржеа и барањата на Синдикатот на УПОЗ,  малку се олесни можноста за унапредување на кариерата на административните службеници, се измени испитот за административно управување и опасноста од губење на работното место со една негативна оценка.

Како што посочи тие имаат забелешки на неможноста одредени области и прашања од овие закони да се регулираат со колективен договор, ограничувањето на правото на штрајк, како и на политиката на платите во јавната администрација.

Професорката Ана Павловска Данева од Правниот факултет потенцира дека имаме проблем со концептот во јавната администрација и оти е потребен сосема нов систем на кариера во кој се влегува како приправник и во рамки на системот да се напредува.

– Во овој момент имаме 50.000 административци без високо образование, вработени без основно образование, рече Павловска Данева и додаде дека администрација не е пренатрупана, туку има залутани и непрофесионалци кои треба да се селектираат.

Професорот Борче Давитковски од Правниот факултет потенцира дека е потребна реформата која треба да се направи долгорочно како што е тоа во стабилни демократии, а не, како што рече, како кај нас палијативно и со секоја власт се почнува од почеток.

Според него, државната администрација не ги познава законите и нема каде да се обучи, и предложи да се направи академија по примерот на Академијата за судии и јавни обвинители. Дебата ја организираше Синдикатот на УПОЗ. (МИА)

Tags: дебатајавна администрацијаУПОЗ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ