• Latest

Груевски за „Тенк“: Ова е цената што треба да ја платам оти ги бранев националните и државни интереси

May 24, 2018
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Груевски за „Тенк“: Ова е цената што треба да ја платам оти ги бранев националните и државни интереси

May 24, 2018 15:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Завршните зборови секој од нас како и адвокатите, така и обвинетите ги бевме подготвиле писмено. Со цел, додека ги читаме да не мора да бидеме прекинувани или да читаме многу бавно за да дактилографката може се да запише неколку часа порано ги предадовме на УСБ. Потоа имавме и една пауза од околу 40тина минути. Кога дојде редот на мене, судијката се вмеша во текот на моите завршни зборови и еден дел не дозволи да ги прочитам во судот со образложение дека биле политички и дека не може да ги кажувам во судот“, пишува Никола Груевски на својот Фејбук профил.

Судот вчера му пресуди две години затворска казна за случајот „Тенк“, пришто за истиот случај Груевски додава: „Со обзир дека судот ги доби на писмено, а на јавноста која преку новинарите беше присутна во судницата и беше ускратено да чуе делови од тој завршен збор, ги објавувам и посебно издвоени и како дел од интегралниот текст, односно завршен збор. Ова се тие забранети делови кои денес ги објавувам и одвоено, но и како дел од целиот текст каде се потенцирани деловите да се препознаат како дел од завршните зборови кои беа забранети да ги кажам во судот“.

„Иако сакав да најдам решение на наметнатиот проблем со името, сепак не дозволив негово решавање по терк на јужниот сосед. Останав цврст и издржав на многу притисоци и закани. Овој политичко судски прогон е цената што треба да ја платам за бранењето на националните и државни интереси. Марионетската власт предводена од Зоран Заев, со притисокот кој го направи и сеуште го прави врз судството, сака со сите сили да ме понижи и оцрни колку што можат повеќе, со цел нивното самопонижување и црнење кои сами си го прават низ овој процес на распродажба на државните и национални интереси со прифаќање на договори со соседите какви и не сонувале пред неколку години, да помине без силен контраст помеѓу мојата борба за Македонија и нивните поданички и штетни политики за Македонија. Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ, ама да влезе во овие институции не обезличена и да влезе исправена. Денес е јасно дека дел од пресудите кои ќе ги објави овој суд можеби ќе гласат од името на народот на Република Македонија, но поголемиот дел веројатно ќе гласат од името на народот на Република Горна или Северна или Вардарска Македонија итн.
И покрај се, и покрај овој политичко судски прогон кој е казна за мојата позиција и цврстина за македонските интереси, и истовремено инструмент за заплашување на илјадници граѓани на Македонија кои не се согласуваат со овие политики на актуелната власт, мене ми е чест што македонскиот народ и граѓаните на Македонија не ги изневерив. Подготвен сум на се, на секакви политички ризици и последици од нив, уште од првиот ден кога се нафатив да ја водам партијата ВМРО-ДПМНЕ а подоцна и Владата на Македонија, низ овие турбулентни години за нашата држава. Ова се години кога најризично е да си Македонец, а уште поризично ако се бориш за интересите на својата земја и притоа имаш многу непријатели, вклучително и меѓу своите.

Во тој контекст и една мисла на Гоце Делчев вели: ,,Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди, како македонскиот.
Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на различни страни, една од друга потуѓа,,.

Македонија е пред голем предизвик. Заробена од една марионетска власт. Потребни се мудри и храбри одлуки, но пред се законски. Колку и да некој се соочува со притисоци или неприципиелни понуди, колку и оваа власт да се однесува недемократски и насилнички, сепак, секој од нас носиме индивидуална одговорност и надворешните притисоци или влијанија или пак партиски наклоности, треба да се игнорираат и колку и да се силни, не може да бидат ничие оправдување за подлегнување под нив.

Во овој суд се вперени очите на јавноста. Не ми се суди само мене. Се суди на суверенизмот како моја определба во македонската политика.

Евентуална погрешна одлука или одлука прифатена под политички притисок, нема да биде нешто што ќе се памети и зборува само три дена. Очите на тивкото и во голема мера во моментов заплашено мнозинство, кое посакува само правда и чесни одлуки, а не политички договори меѓу извршната и судската власт, се вперени кон овој суд и кон вас лично“.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Тенк“Никола Груевскиполитички и судски прогонпресудафејсбук
Share131Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ