Речиси шестгодишниот престој на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж во Амбасада на Еквадор во Лондон, е загрозен, со што се отвора пат за неговото апсење од страна на британските власти и евентуалната екстрадиција во САД, соопштија повеќе извори за Си- Ен-Ен.
Иако Асанж претходно тврдеше дека неговата позиција во амбасадата е загрозена, извори тврдат дека сегашната ситуација е „невообичаено лоша“ и дека тој би можел да ја напушти амбасадата „секој ден”, бидејќи ќе биде принуден да го направи тоа или ќе се чувствува толку ограничен, така што би можел да одлучи да ја напушти.
Неговата положба таму „е загрозена”, вели неименуван извор.
Асанж и неговите адвокати тврдат дека тој е во притвор 2720 денови без покренато обвинение и оти е изолиран од посетители и надворешна комуникација, како и дека „не постојат никакви докази дека тој сторил нешто, туку само јавно обајвувал материјали“ наведува на Твитер на неговиот адвокат на 19-ти мај.