• Latest

МВР: Од 12 случаи на напади врз новинари од 2017 до денес само еден не е расчистен

May 29, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

МВР: Од 12 случаи на напади врз новинари од 2017 до денес само еден не е расчистен

May 29, 2018 15:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи изработи извештај за прецизно утврдување на нивото на кое се наоѓаат истрагите за случаи за напади врз новинари за периодите од 2013 до јуни 2017 и 2017 до денес со цел да се утврди динамиката на спроведување на оперативните истражни дејствија во службите на МВР.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на заедничката прес-конференција со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски ги презентираше резултатите од анализата.

Во периодот од 2013 до јуни 2017 година, како што информира Спасовски до МВР се поднесени 47 пријави од граѓани или медуми за физички напад врз новинари, загрозување на безбедноста во вид на закани иои говор на омраза.

Најголем број од нападите, 29 во главниот град, 14 се во Охрид, два во Струмица и по еден во Штип и во Битола.

Во врска со овие пријави во врска покренати се кривични пријави против пет сторители, кои сториле вкупно пет кривични дека, од кои три насилство, и по едно затајување и изнуда. Во пет случаи се покренати прекршочни постапки.

Во периодот од 2017 до денес до МВР се поднесени 12 пријави за напади врз новинари, од кои пет се во Охрид, четири се во Скопје, два во Велес и еден во Штип.

– Постапувано е во сите случаи и за две лица веќе се поднесени кривични пријави за сторени кривични дела  насилство и загрозување на сигурноста, во три случаи се покренати прекршочни постапки против шест лица за констатирани три прекршоци, рече Спасовски.

За еден случај е поднесено известување до надлежното јавно обвинителство за кривично дело загрозување на сугурноста, за еден случај е констатирано дека се се гони по приватна тужба, а само еден случај не е расчистен.

Поповски нагласи дека не постојат никакви оправдувања за никакви притисоци врз новинарите за каков било обид за загрозување на медумските права и слободи и додаде дека има нула толеранција за каков било обид за нарушување на слободата на изразувањето.

– Не заборавивме за ветената правда за новинарите, рече Поповски и додаде дека она што било ветено на 3 мај на денот на Слободата на печатот е дека ќе се расчистат сите случаи, ќе биде исполнето.

Додаде дека секој напад врз претставници на медиумите, физички или вербален ќе биде најостро санкциониран.

(МИА)

Tags: Министерство за внатрешни работинападновинариОливер Спасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ