• Latest

Кежаровски: Треба да се исполнат предизборните ветувања, ништо повеќе

May 30, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кежаровски: Треба да се исполнат предизборните ветувања, ништо повеќе

May 30, 2018 14:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На половина пат од 2018 година, со новинарот Томислав Кежаровски разговараме за актуелните политички случувања, очекувањата и надежите, како и за реалните состојби во општеството. Каде бевме на почетокот од годината, каде сме сега, што можеме и што треба да очекуваме во наредниот период?

Кежаровски истакна дека освен во делот на надворешната политика, одередени министри потфрлаат во многу работи, а особено директорите на агенциите и јавните претпријатија. Тој вели дека за тоа што досега направила Владата сведочат реакциите на граѓаните на социјалните мрежи.

„Искрено се сомневам дека овој дел од долго најавуваната реконструкција ќе направи некоја драстичен напредок во делот на работата, затоа што ако јас се прашувам треба реконструкцијата на Владата да трпи порадикални измени. Ќе речат, повеќемина од министрите воопшто не се на ниво на својата задача. Сметам дека со нивното назначување како да се втурнаа во таа работа воопшто неподготвени.“

Според Кежаровски, она што во суштина треба да се направи е само да се исполнат предизборните ветувања, ништо повеќе.

„Јас не очекувам дека преку ноќ ќе се исполнат ветувањата, како 30.000 денари плата, но ветувањата дека ќе се направи нешто во судството, во полицијата… тоа се главните очекувања. Не можеме да очекуваме, ниту ќе се направи нешто порадикално ако не се промени барем нешто во судскиот систем. Апсолутноста на истите судии, истиот начин на работа, освен што сега за волја на вистината обвинетите за многу сериозни кривични дела се бранат од слобода.“

Кежаровски на крајот додава дека оние судии кои што суделе, и обвинителите кои што биле втемелени во тефтерчињата на режимот, сега се предавачи на Академијата за обвинители, и дека на нив не им е местото во радиус од 500 метри до судовите, а не пак да подготвуваат млади кадри.

Перспективи 2.0 е продолжение на серијалот видео-интервјуа Перспективи 2018, каде експерти, професори, новинари, активисти и општествено одговорни граѓанки и граѓани зборуваат за надежите, очекувањата и состојбите во општеството, во текот на годината.

Новинарка: Биљана Јордановска
Обработка на текст: Ангела Петровска
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента 

 

Tags: Влада на Република МакедонијареконструкцијареформисудствоТомислав Кежаровски
Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ