• Latest

Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции

June 3, 2018

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
By Jacob Jordaens - si.wsj.net, Public Domain

Отец Бережној од Православната црква на Украина ѝ порача на МПЦ: „Бидете добриот Самарјанин за нас“ – што значи тоа?

August 13, 2026

Информации за наводно присуство на ешерихија коли во скопската вода предизвикаа паника, МВР повикува лица на информативни разговори

August 13, 2026
Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

Од 2001 до денес: Што остана од духот на Охридскиот рамковен договор

August 13, 2026

(ВИДЕО) Ова е руското наследство

August 13, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Сергиј Бережној: Политичкото православие нема ништо заедничко со Христос – Русија ја претвори религијата во оружје против Украина

August 12, 2026
Џелал Хоџиќ (фото: ЦИВИЛ)

Џелал Хоџиќ: Маратон кон ЕУ, спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 12, 2026
Севернокорејски ракетен систем KN-23 (фото извор: севернокорејски медиуми)

Севернокорејски ракети во рускиот арсенал на теророт: Воениот сојуз Кремљ-Пјонгјанг е закана за Европа и светот

August 12, 2026

Нема загадување, нема пријавена штета, нема докази за перење пари, но случајот „Мазут“ сѐ уште е жив

August 12, 2026
Игор Дурловски (фото извор: соопштение на ДУИ)

„Влада на исклучување“ наспроти „приватизација на Охридскиот договор“: Пресметка меѓу ДУИ и ВЛЕН за владиниот спот

August 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во првиот квартал 235 милиони евра странски директни инвестиции

June 3, 2018 15:45
in ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во првиот квартал годинава во Македонија се влезени 235 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е најуспешен квартал од кое било тримесечие од 2007 година досега и во споредба со цела 2017, но и со годишните износи во 2015, 2014, 2012, 2010 и 2009 година.

Тоа го објави денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, повикувајќи се на податоците изготвени врз основа на методологијата на Народната банка на РМ.

Инвестиците во првите три месеци од годинава се директни странски вложувања, како и  вложувања од постојните компании во државава кои, појасни Анѓушев, продолжиле со инвестирањето препознавајќи ја поволната бизнис клима.

– Оваа бројка е факт кој никој не може да го побие и е одговор на сите обвинувања за економското работење на Владата во претходниот период. Политиките кои ги водиме и кои се транспарентни  и се одразуваат преку Законот за финансиска поддршка на  инвестиции, промените во Законот  за енергетика, и останатите мерки кои ги преземаме преку Фондот за иновации и технолошки развој  за поддршка на економијата, полека се препознаени од домашните и странските инвестиции и дават резултати, рече Анѓушев.

Тој на прес-конференцијата во Владата најави две нови инвестиции во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 во вкупен износ од 11 милиони евра, во кои ќе се отворат по 80-тина работни места.

Комисијата за економски совет донела препорака до Владата да ги усвои договорите за  државна помош за инвестицијата на „Зенит интернешенал продукт“ од ОАЕ од три милиони евра со 80 вработувања која во зоната во Бунарџик ќе произведува грејачи за бојлери и на турската „Балканлар пластик“ која ќе инвестира осум милиони евра во капацитет за призводство на амбалажа-лиена пластика, и исто така ќе обезбеди 80 вработувања.

– Владата во периодот кој измина потпиша над 12 договори,  во моментов разговара со над 200 компании од кои со 30-ина е во завршна фаза на разговор. Само во една година е извесно дека ќе се потпишат 16 договори од кои 12 се веќе потпишани, четири во завршна фаза кои ќе бидат во наредните неколку недели, 30-ина други во асполутно завршна фаза, соопшти Анѓушев.

Како што дополни, сите инвестиции се направени без организирање економски презентаци, маркетиншки трошоци, без голем тим министри за странски инвестиции и промотори, туку врз база на вредното работење на луѓето од кабинетите, од Агенцијата за технолошко  индустриски равзојни зони и на сите економски ресори во Владата.

Вицепремиерот не го коментираше барањето за предвремени парламентарни избори што го упати опозициската ВМРО-ДПМНЕ од вчерашниот митинг, но забележа дека многу чести избори не се поволни за економските активности и оти стабилноста е важна за  работењето на економијата. На критиките од опозицијата најави дека ќе одговараат со аргументи и бројки.

–  Работа на опозицијата е да критикива,  некојпат и неаргументирано, а јас еве денеска одговорив со аргументи. Ги канам да дискутираме со аргументи. Сметам дека опозицијата полека ќе се консолидира и ќе дојде на ниво освен од паушални оценки и едноставно политизирање да дојдеме во сфера да разговараме со аргументи, рече Анѓушев.

Одговарајќи на новинарски прашања информираше дека ветената мерка за поврат на ДДВ во пилот фаза ќе се спроведе во неколку општини.

– За тој  проект во моментов се размислува за да не влијае негативно, ниту на страната на Буџетот ниту на граѓаните и согласно  моите сознанија ќе биде пуштено како пилот проект во неколку општини, а потоа и на целата територија на Македонија, информираше Анѓушев. (МИА)

Tags: 235 милиони евраКочо Анѓушевпрвиот кварталстрански директни инвестиции
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ