• Latest

Враќање на загрозените животински видови

June 4, 2018

Почна новата академска година

October 1, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ во акција против руска пропагандна мрежа: Институционална потврда на заканата на која ЦИВИЛ предупредува повеќе од една деценија

October 1, 2026
фото: Принтскрин АНБ

Македонски државјанин преку псевдо-портали ширел руска пропаганда и дезинформации, АНБ отвори истрага

October 1, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Постојана раскрсница која бара патоказ

October 1, 2026
Урсула фон дер Лајен (скриншот)

Фон дер Лајен во Скопје: Меѓу европските очекувања и условите на Мицкоски

October 1, 2026
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Враќање на загрозените животински видови

June 4, 2018 12:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Екологистите од целиот свет вложуваат големи напори да ги спасат животинските видови од исчезнување. И покрај неодамнешната смрт на последниот машки бел носорог, постојат надежи дека научниците ќе можат да го вратат овој вид, известува Гласот на Америка.

Во Европа, научниците одгледуваат бизони речиси сто години откако исчезнаа од лицето на планетата, а популацијата на морските видри во Калифорнија се обновува, иако во 30-те години на минатиот век ги имаше само 50.

Последниот мажјак северен бел носорог, Судан, почина на 19 март и не остави потомство зад себе. Претходните обиди за парење со една од последните две женки од тој подвид не беа успешни и се проценува дека се неспособни за репродукција.

Но, научниците ја сочуваа спермата на Судан за можно вештачко оплодување.

Меѓутоа, прво, тие треба да ја тестираат таа постапка на шест женки јужни бели носорози во зоолошката градина во Сан Диего.

Ако се е во ред, тие далечни роднини на северниот бел носорог ќе станат сурогат мајка на ембрионите од овој вид.

– Сакаме да искусат како е тоа да се биде бремена, како е да се роди и да се подигне потомство, така што во иднина, кога ќе имаме ембриони од северниот бел носорог кои со трансплантација ќе ги вметнеме во женките, знаеме дека тие ќе знаат дека се способни да ја одржат бременоста, да се породат и да го одгледаат младото, објаснува Барбара Дурант од Зоолошката градина во Сан Диего.

Европскиот бизон, роднина на американски бизон, уште може да се најде на стариот континент од Пиринејскиот Полуостров до источна Русија.

Нивниот вид е истребен во дивината во 20-те години на минатиот век, но мал број припадници на овој вид се зачувани во Полска. Тие сега се испраќаат до разни европски земји, вклучувајќи ја и Шпанија.

– Ако бизоните се во Шпанија, тие ќе се прилагодат на новата флора, фауната, клима, различно однесување, поинаквото количество дневна светлина. Значи, нивните гени ќе бидат модификувани. Тоа значи дека ќе го оплемениме видот. Бизон, кој е роден тука и кој има поинакви гени, ќе бидат испратен во Полска за да го оплемени видот. Тоа е начинот да се избегне изумирање на животинските видови, вели директорот на Центарот за зачувување на европските бизони, Фернандо Моран.

Калифорниските морски видри имаат најгусто крзно од сите животни, па затоа не е чудно што ловците ги довеле тие разиграни месојади на работ на истребување. Беше потребно да се донесе државен и федерален закон со цел да се спасат.

– Во почетокот, најголемо влијание имаше елиминирање на ловот. На популацијата на видри и е овозможено природно да се зголемува преку репродукција. Од околу 50 животни, нивната популација се зголеми на сегашните околу три илјади, вели Карл Мејер од аквариумот на Заливот Монтереј.

Екологистите би сакале тие бројки да продолжат да растат, така што видрите би можеле да се вратат во нивниот оригинален опсег и да го вратат балансот во крајбрежниот екосистем. (МИА)

Tags: враќањеживотински видовизагрозените
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ