Денеска започнува новата академска година на државните универзитети во Македонија. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, првиот академски час ќе се одржи во 10 часот на платото кај споменикот Св. Кирил и Методиј, со што и официјално ќе биде означен почетокот на академската 2026/2027 година.
Свеченоста ќе опфати официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и активности за дружење на студентите. Прв академски час денеска ќе има и на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.












