• Latest

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026 11:31
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дехран Муратов

Полицијата, во координација со Град Скопје, вчера спроведе спектакуларна акција на Бит-пазар за отстранување на бабичките и другите продавачи кои „на диво“ продаваат пиперки, патлиџани, лук, кромид, домашен ајвар, лутеница…

Меѓутоа, дали ова е начинот на кој една социјална држава се справува со сиромаштијата?

На прв поглед, власта воспоставува ред и дисциплина. Но, најлесно е да се удри таму каде што отпорот е најмал. Овие луѓе немаат некој „од горе“ да ги заштити. Немаат во телефонскиот именик некој што ќе им го реши проблемот со еден телефонски повик.

На Бит-пазар не стојат само „диви препродавачи“. Таму има луѓе кои од својата сиромаштија се обидуваат да извлечат ден за ден. Бабичка со неколку килограми пиперки. Човек со домашен лук. Жена што донела тегли домашен ајвар. Некој што продава неколку килограми домати за да го дополни семејниот буџет.

Не се тоа криминални босови. Не се луѓе со магацини и мрежи на црниот пазар. Тоа се луѓе кои, во најголем број случаи, се обидуваат да преживеат. И токму кон нив државата покажува мускули.

А каде е истата таа решителност кога со години на импровизирани тезги се нудат петарди, ножеви, боксирачи и други „реквизити“ чија продажба и употреба можат да претставуваат сериозен безбедносен ризик?

Ако државата сака да воспостави ред, тогаш редот треба да важи еднакво за сите. Не може најслабите секогаш да бидат најлесната мета, додека проблемите што бараат посериозна и долгорочна работа остануваат во сенка.

И тука доаѓаме до најважното прашање: Дали со пендрекот сакаме да ја сокриеме сиромаштијата?

Зашто, ако државата е економски тигар каков што често ни се претставува во јавноста, тогаш зошто толку нејзини граѓани мораат да излезат на улица за да продадат пипер, патлиџан, лук или тегла домашен ајвар за да преживеат?

Лесно е да се каже: „Законите мора да се почитуваат“. И навистина, мораат. Јавниот простор треба да биде уреден, а правилата да важат за сите.

Но, социјално одговорна држава не може проблемот да го гледа само низ казната, полицијата и протерувањето.

Пред да праша: „Зошто продаваш тука“?, треба да праша: „Како и од што живееш“?

Пред да казни човек што продава неколку килограми зеленчук и овошје, треба да се запраша дали тој човек има реална можност да заработува легално и достоинствено.

Дали има легално место каде што може да ја продаде својата домашна храна? Дали државата му нуди начин да излезе од сивата зона, наместо само да го казни затоа што се наоѓа во неа?

Пендрекот може да ја растури импровизираната тезга, но не може да ја растера сиромаштијата.

Ако навистина сме трета или четврта економска сила, тогаш време е успехот да се види и во животот на оние кои денес мораат да продаваат домашен ајвар и везенки на улица за да преживеат.

Развиена држава не се познава по тоа колку полицајци може да испрати на Бит-пазар или на некој друг пазар. Се познава по тоа дали човекот што таму продава пипер има друга, достоинствена и реална можност да заработи за живот.

И не, ова не е првпат власта да се обиде да го „реши“ проблемот на Бит-пазар на ваков начин. И претходната власт своевремено спроведе акција за отстранување на продавачите од овој простор. По реакциите, сепак, беше најдено компромисно решение и на дел од продавачите им беше дозволено да продолжат да продаваат од другата страна на улицата, кај Поликлиниката Бит-пазар.

Значи, проблемот не е ниту од вчера, ниту е партиски.

Проблемот е како државата гледа на сиромашниот човек.

На Бит-пазар не стојат само „диви препродавачи“. Таму, на ладно и на топло, на дожд и на снег, стојат луѓе кои се обидуваат да заработат за живот. Односно – за преживување.

А државата, пред да го крене пендрекот, треба да се запраша зошто тие луѓе воопшто мораат да бидат таму.


Лагите и насилството се штитат со гушење на независните медиуми и граѓански организации.

Поддршка за ЦИВИЛ

Дајте го својот придонес СЕГА.

Tags: Бит-Пазарпендрексиромаштија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ