• Latest

7 јуни низ вековите

June 7, 2018
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

7 јуни низ вековите

June 7, 2018 07:50
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден…

1494.- Колонијалните сили на Португалија и на Шпанија во Тордесиљас го потпишале Договорот за поделба на новооткриените земји, според кој териториите источно од 50-иот степен географска должина и припаѓаат на Португалија, а западно од линијата на Шпанија. Границата ја повлекол иницијаторот на Договорот папата Александар Шести за да ги спречи судирите на колонијалните сили во Новиот свет. Младите колонијални сили Англија (од почетокот на 18. век Обединето Кралство), Холандија, Франција и другите оваа поделба не ја почитувале.

1502.- Роден е италијанскиот римокатолички свештеник Уго Боункомпањо, папата Гргур Тринаесетти (од 1672 до 1585 година). Според советот на астрономите во 1582 година го реформирал календарот, наречен грегоријански, бидејќи стариот календар – јулијанскиот премногу астрономски отстапувал од вистинската состојба. Грегоријанскиот календар во прво време го прифатиле само католичките земји, а многу подоцна и протестантските, а дури по Првата светска војна и православните земји. Некои од православните цркви и денеска го користат јулијанскиот календар.

1523.- По победата над Данците, Густав Вас бил прогласен за крал на Шведска под името Густав Први.

1848.- Во Санкт Петербург умрел Висарион Григориевич Белински, руски литературен критичар, филозоф и публицист. Основач бил на руската реалистичка естетика и на литературната критика. Познати се неговите погледи за делата на Пушкин, на Лермонтов и на Гогољ. Тој го формирал новиот правец во руската литература наречен „натурална школа“. Роден бил во Свеаборг, Финска, на 13 јуни 1811 година.

1848.– Во Париз е роден Пол Гоген, француски сликар. Тој се инспирирал од егзотичниот свет на островите Тахити и Фати – Ива. Формите на неговите слики се мирни и монументални, проткаени со еротика. Влијаел врз развојот на експресионизмот и на формирањето на фовизмот, а се занимавал и со скулптура. Умрел на Маркишките Острови, во 1903 година.

1862.- САД и Велика Британија го потпишале договорот за сузбивање на трговијата со робови.

1867.- Роден е австралискиот писател Хенри Арчибалд Ларсен, познат како Хенри Арчибалд Лосон, врвен сликар на австралискиот колорит. Дела: „Кратки приказни во проза и стихови“, „Кога бев крал и други приказни“, „Ѕвездата Австралија“, „Земјата од каде што дојдов“.

1877.- Роден бил Петар Ацев,  македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Роден бил во селото Ореовец, Прилепско. На Смилевскиот конгрес, тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. По завршувањето на Илинденското востание бил избран за нелегален член на окружниот комитет. Водел неколку борби со отомански сили и со четите на српската и грчката пропаганда во Македонија. Во 1907 година учествувал во битката на Ножот. На Ќустендилскиот конгрес Петар Ацев бил избран за дополнителен член на ЦК. По Младотурската револуцијаизлегол од илегала и се населил во Прилеп. Две години подоцна е уапсен и 15 месеци е носен низ разни затвори низ Македонија и Мала Азија. Бил ослободен во средината на 1911 година по што се населил во Пловдив, Бугарија. Учествувал како доброволец во Балканските војни, а потоа и во Првата светска војна. Петар Ацев учествувал во Привременото претставништво на поранешната ВМРО, а подоцна е член на Илинденската организација. Ранет е во текот на Горноџумајските случувања во септември 1924 година. Починал во Пловдив во 1939 година.

1905.- Норвешкото Собрание донесло одлука за отцепување на Норвешка од Шведска.

1917.- Роден е американскиот филмски актер, пејач и забавувач Дино Пол Крочети, познат како Дин Мартин, кој во почеток славата ја стекнал во тандем со комичарот Џери Луис со кого снимил 18 филмови. Играше и во многу вестерни и криминалистички филмови. Филмови: „Актери и модели“, „Холивуд или пропаст“, „Рио Браво“, „Четворица за Тексас“.

1928.- Убиен бил Алаксандар Протогеров, политичар, генерал и раководител на Внатрешната македонска револуционерна организација. Учествувал како доброволец во Српско-бугарската војна. Бил член на Македонскиот комитет, војвода во Горноџумајското и Илинденското востание. Бил резервен член на Централниот комитет на ВМОРО, претседател на Извршниот комитет на Македонските добротворни братства во Бугарија. Во Балканските војни бил член на Штабот на Македонско одринското ополчение, а во времето на бугарската окупација во Првата светска војна бил заменик началник на Македонската воено-инспекциска област и командант на Моравската воено-инспекциска област, произведен во генерал-лајтнант на бугарската армија. По војната со Тодор Александров и Петар Чаулев ја основал ВМРО. Бил потписник на Мајскиот манифест. По расколот во ВМРО бил убиен во Софија од стана на Михајловистите.

1935.– Умрел Иван Владимирович Мичурин, советски биолог, генетичар. Се занимавал со подобрување на сортите на овошките во централна и во северна Русија, како и со создавање нови сорти. Работел на вкрстувањето меѓу видовите и родовите, притоа користејќи ја и вегетативната хибридизација (калемењето), добивал семе и со вештачко запрашување, при што забележал дека тоа семе е поотпорно. Роден бил на 15 октомври 1855 година.

1939.- Кралот Џорџ Шести станал првиот британски монарх кој стапнал на тлото на САД, поранешна колонија на Обединетото Кралство.

1943.- Кај селото Никодин, Прилепско, во борба против бугарската војска, откако бил ранет, се самоубил Блажо Тодоровски – Чичето, народен херој од Македонија.

1945.– Со решение на Министерството за народна просвета на Демократска Федеративна Македонија бил озаконет Правописот на македонскиот јазик, чиј дефинитивен текст бил усвоен пет дена порано. Утврдувањето и озаконувањето на Македонскиот правопис преставува израз на континуираната борба на македонскиот народ за свој литературен јазик и правопис, кој во понатамошните години се надградуваше со нови содржини.

1948.- Претседателот на Чехословачка Едуард Бенеш поднесе оставка не сакајќи да го потпише новиот устав со кој земјата стана комунистичка држава.

1952. – Роден е Орхан Памук, еден од најпознатите турски писатели. Добитник е на Нобелова награда за литература во 2006 година. Во текот на 2005година, од страна на две турски асоцијации бил обвинет за неговите тврдења во врска со Ерменскиот геноцид и убивањето на околу 30 000 Курди од страна на турските власти. За истото дело бил ослободен во 2006 година. Денес, Орхан Памук е еден од најпопуларните турски писатели во светот. Најпознати дела: „Снег“, „Нов живот“, „Ме викаат Црвен“,,Белата крепост“, „Истанбул“ и други.

1970.- Умрел англискиот писател Едвард Морган Фостер, познат набљудувач и аналитичар. Дела: романите „Едно патување во Индија“, „Најдолго патување“, приказните „Небески омнибус“, „Вечен момент“.

1971.– Советскиот вселенски брод „Сојуз II“ во орбитата околу Земјата се споил со вселенската станица „Салјут“.

1973.- Канцеларот на Западна Германија Вили Брант допатувал во Израел, како прв западногермански лидер кој ја посетил еврејската држава.

1980.- Умрел американскиот писател Хенри Милер, кој се бавел и со сликарство. Романи: „Црна пролет“, „Мирни денови во Клишиј“, „Недела после војна“, „Книги за мојот живот“.

1990.- Претставничкиот дом на американскиот парламент изгласал забрана за продажба на сметачи и телекомуникациска опрема во Советскиот Сојуз се додека Москва не ги започне преговорите за независност на Литванија.

1991.– Со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата „Социјалистичка“ од името на СР Македонија бил изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.

1993.- На автопатот меѓу Нирнберг и Минхен, Германија, во сообраќајна несреќа загинал Дражен Петровиќ, југословенски и хрватски кошаркар, еден од најдобрите аматери во светот, подоцна професионалец во САД. Роден е во 1964 година.

2006.- Убиен бил лидерот на Ал Каида во Ирак Абу Мусаб ел Заркави во заедничката акција на американската и ирачката војска во Бакуби, северно од Багдад. Неговата глава била проценета на 25 милиони долари. 

2013.- На возраст од 84 години починал поранешниот француски премиер Пјер Мороа, кој беше прв шеф на социјалистичка влада на Петтата француска република, од 1981 до 1984 година.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ