• Latest
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025 20:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Министерство за одбрана

Фото: Министерство за одбрана

Share on FacebookShare on Twitter

Поддршката од ЕУ, но и нашите сојузници се должи на нашата искрена посветеност, подготвеност и професионалност да одговориме на зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко. ЕУ ја препозна нашата искрена заложба за зајакнување на безбедноста, вклучувајќи го и придонесот во мировните операции и одговори позитивно на барањето за зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра, соопшти денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој заедно со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас го посетија седиштето на Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force).

Мисајловски упати благодарност до Калас и за поддршката од страна на Унијата во градењето на македонските одбранбени капацитети.

– Се работи за опрема за потребите на инженеријата, за Воено-медицинскиот центар, за лесната пешадиска баталјонска група, за логистиката, технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување, електронско војување, комуникациско-информациски системи, системи за команда и контрола, заштитна опрема. Со оваа помош е опфатена и обука на персоналот, онаму каде што е потребно, појасни Мисајловски, додавајќи дека пристигнувањето на оваа опрема се одвива според планираната динамика.

Според него, поддршката што ја добиваме како и потпишувањето на партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ е јасен показател дека Унијата го вреднува партнерството и усогласеноста на нашата земја со заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.

– Денес сме тука, во седиштето на Балканските медицински наменски сили, меѓународна организација во која се вклучени и регионални медицински сили споспобни за брз одговор на широк спектар на ситуцаии. Оваа организација дава значаен продонес за зајакнување на регионалната соработка и ги промовира добрососедските односи. Овој регионален капацитет беше препознаен како стратешка регионална алатка и токму на таа основа ЕУ одлучи да го поддржи развојот и подобрувањето на воено медицинските сили на сите земји членки со набавка на нова модерна опрема во вредност од шест милиони евра, од кои два милиони евра беа наменети за нашата земја, подвлече Мисајловски.

Како земја која се гледа во големото европско семејство и земја членка на НАТО, како што рече, соработката во одбраната е приоритет.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас по посетата на седиштето на Балканските медицински наменски сили (Balkan Medical Task Force) изјави дека се работи за силен пример за регионална соработка што дава резултати.

– ЕУ ја поддржува оваа иницијатива, и политички и финансиски бидејќи таа точно го одразува она за што се залагаме во Западен Балкан, доверба, партнерство и постигнување видливи резултати за луѓето. Оваа иницијатива е уште поважна бидејќи се однесува на спасување животи. Ние исто така ја поддржуваме Северна Македонија преку билатерална воена помош, потенцира Калас.

Таа информира дека ЕУ има издвоено 38 милиони евра за Армијата на Северна Македонија, вклучувајќи ја и последната транша од 15 милиони евра, одобрена во април.

– Северна Македонија е доверлив партнер, целосно усогласен со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, придонесувајќи во операциите на ЕУ, особено во Мисијата на силите на Европската унија (ЕУФОР) Алтеа во Босна и Херцеговина и тоа многу го цениме, истакна Калас.

Tags: ЕУКаласМисајлоскиодбрана
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ