• Latest

Пендаровски: Утре чекаме официјална најава за покана во НАТО

June 28, 2018

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: Утре чекаме официјална најава за покана во НАТО

June 28, 2018 12:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Утре чекаме чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули, изјави денеска Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.

– Генералниот секретар Јенс Столтенберг ќе го објави тоа што македонските граѓани го чекаат со години. Тоа ќе биде завршна етапа од нашето асоцирање во Алијансата, имајќи предвид дека Република Македонија е неславен рекорден со 19 кругови од акциониот план за членство во НАТО, рече Пендаровски.

Во меѓувреме, како што кажа тој, Македонија покажа завидно ниво на отпорност, жилавост, со оглед дека двапати се наоѓала на работ.

– Првиот пат тоа беше во 2001 година кога имавме внатрешен конфликт,  а само четири години подоцна во 2005 добивме статус кандидат за ЕУ. Вториот пат кога се вративме од работ е мината година кога по 11 години тврд автократски режим, за само една година добивме покана за членство во Алијансата. Сега, една година по упадот во Собранието разговараме Македонија да стане членка на Алијансата и начелно договорен датум за преговри со ЕУ за јуни следната година, оцени Пендаровски.

Тој додаде дека во изминатата година Македонија затворила три крупни стратешки прашања – првото е потпишувањето на Договорот за добрососердство со Бугарија, што според него било камен на сопнување за приближувањето кон ЕУ. На внатрешен план е донесен Законот за јазици – стожерен елемент на Рамковниот договор и последното е потпишувањето на Договорот со Грција за решавање на спорот со името.

Пендаровски се осврна за присуството и помошта на Алијансата во Македонија по 2001 година со нејзините три мисии за стабилизација на земјата.

– НАТО во тие година две помогна кризните подрачја да се реинтегриаат и да бидат под контрола на централната власт. На тој начин се креираше амбиемнт Македонија да влезе во нормален реформски процес и во таа прва етапа на стабилизирање добивме кандидатски статус за членство во ЕУ, рече Пендаровски.

Потсети дека влезот во НАТО е најголемиот кохезивен фактор во земјава, имајќи предвид дека околу 80 отсто од граѓаните се за влез во Алијансата, без оглед на етничката припадност, што не е случај со останатите земји аспиранти.

За придобивките од НАТО денес, тој вели дека иако нема закана по територијалниот интегритет на земјава, светот се соочува со друг вид закани како хибридни војни, кибер напади и ефектот од лажните вести што можат да направат прилична штета на економијата во земјата.

– Имаме големи проблеми со тероризмот со верски поттекст, а фокусот е на блкискоисточните војни особено во Сирија, каде пто имаме наши граѓани кои војуваат таму и соработката во рамки на Алијансата во оваа област е многу потребна, рече Пендаровски.

Тој заклучи дека за разлика од ЕУ, во НАТО нема замор од проширувањето, во НАТО никој не размислува за Брегзит, а за напуштање на Алијансата не размислуваат ниту Исланд кој нема армија, а ниту ни Луксембург чија армија брои 450 војници.

Денешните сесии на семинарот се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавено е и обраќање на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.

Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“. (МИА)

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ