• Latest
Парламент на Србија (wikipedia)

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

Прашање на денот: Насилството врз жените не смее да остане само вест! Што мора да се преземе?

November 17, 2026
Фото: promoteukraine.org

ЕУ со нови санкции против руски банки, енергетски компании и мрежите за дезинформации

November 17, 2026

Мислете му ја!

November 17, 2026
фото извор: Алта банка

АЛТА БАНКА: Кредити од 1,6 милиони евра и можен судир на интереси

November 16, 2026

(ИНФОГРАФИК) Алта банка Битола: Кој продава и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

ЦИВИЛ: Ниту едно презиме, функција или политичка врска не смее да биде штит за насилството и неказнивоста!

November 16, 2026
Фотографија: Martti Salmi / Unsplash

Естонија ги затвора сите три гранични премини кон Русија од 1 декември по обидот за саботажа

November 16, 2026

АЛТА БАНКА БИТОЛА НА ПРОДАЖБА: Кој има право да ги продаде акциите и каде ќе завршат милионите?

November 16, 2026

Потресна објава на мајката на Сара: Ќерката е во болница, осомничениот на слобода – кој ја штити правдата?

November 16, 2026
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ ја засилува поддршката за Украина пред зимата и предупредува на руските хибридни закани

November 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

По 14 години доминација на Српската напредна партија, новиот парламент ја отвора вратата за политичка транзиција. Студентското движење има убедливо мнозинство, но наследува институции оптоварени со политички влијанија, корупциски афери и длабока поларизација.

November 17, 2026 10:29
in РЕГИОН, ТОП 5
Парламент на Србија (wikipedia)

Парламент на Србија (wikipedia)

Share on FacebookShare on Twitter

Конститутивната седница на Народното собрание на Србија, закажана за 17 ноември, означува почеток на институционалната транзиција по историската изборна победа на Студентската листа „Студентите победуваат“. Александар Вучиќ и Српската напредна партија (СНС), по 14 години на власт, преминуваат во опозиција, додека новото мнозинство се соочува со првиот голем предизвик: изборната победа да ја претвори во функционална демократска власт.

Според конечните резултати од вонредните избори на 25 октомври, Студентската листа освои 140 од 250 пратенички места, коалицијата предводена од Вучиќ – 103, а малцинските листи ги добија преостанатите седум мандати. Новото мнозинство располага со доволно гласови самостојно да избере парламентарно раководство и влада.

Едно од клучните прашања на конститутивната седница е изборот на претседател на Собранието, функција што во актуелните околности има дополнителна политичка тежина, бидејќи новоизбраниот претседател на парламентот ќе ја преземе и должноста вршител на должноста претседател на Србија, до претседателските избори. Според агенцијата Бета, во потесниот избор на Студентската листа се Катарина Шќепановиќ, професорка во Филолошката гимназија во Белград, и Александар Чупиќ, доцент на Сообраќајниот факултет.

Конечниот кандидат сè уште не е јавно потврден. Меѓу истакнатите претставници на новото парламентарно мнозинство се и лекарот Илија Срдановиќ, носител на изборната листа, економистот и поранешен гувернер на Народната банка Дејан Шошкиќ и правниот експерт Марио Рељановиќ. Со освоените 140 мандати, Студентската листа има доволно гласови самостојно да го избере парламентарното раководство.

Од студентски протести до парламентарно мнозинство

Политичкиот пресврт произлезе од протестите што започнаа по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица. Трагедијата стана симбол на поширокото незадоволство од корупцијата, институционалната неодговорност и политичката контрола врз државата.

Движењето, кое прерасна од универзитетски блокади во широка граѓанска мобилизација, на изборите успеа да го порази политичкиот апарат на СНС. Но, како што предупредуваат соговорниците на Associated Press, соборувањето на долгогодишната власт е само првиот дел од многу посложената задача – обновување на институциите и владеењето на правото.

Старите структури и новата политичка реалност

Конститутивната седница предвидува потврдување на мандатите и избор на парламентарно раководство. Според N1, на претходните консултации не бил постигнат договор за распределбата на функциите, додека Студентската листа инсистира на јавно гласање и транспарентна процедура.

Вучиќ, кој најави дека ќе ја предводи пратеничката група „Србија против теророт“, ги обвинува политичките противници за репресија. Истовремено, полицијата и обвинителството водат истраги и спроведуваат апсења во случаи поврзани со наводна корупција, изборни злоупотреби и злоупотреба на службената положба. The Guardian предупредува на можни парламентарни опструкции, повикувајќи се на соговорници од организацијата за набљудување избори ЦРТА.

Новиот парламент отвора и рок од 90 дена за избор на влада. Дотогаш останува техничкиот кабинет на Ѓуро Мацут. Пред новото мнозинство стојат институционални реформи, независност на правосудството, контрола на безбедносните служби и расчистување на корупциските случаи.

Б. Ј. / ЦМ Деск

 


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Tags: Вучиќконститутивна седницапарламентСрбијастудентска листа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ