• Latest

Бачев измислува!

July 4, 2018

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бачев измислува!

July 4, 2018 17:05
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наводите во соопштението на партијата Единствена Македонија се потполно невистинити и злонамерни. Премиерот Зоран Заев ја прифати поканата да биде еден од говорниците на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, како и секогаш, без ниедно дополнително прашање, а да не говориме за некакви условувања.

Според агендата, на конференцијата беа поканети говорнички и говорници од Владата, парламентарните политички партии, граѓанското општество и меѓународната заедница. Во вториот дел беа поканети сите други учесници кои ќе го најават своето учество, што е случај и со Јанко Бачев.

„Точно е дека за време на паузата, Бачев побара збор преку ред и побара да говори повеќе од две минути, иако во општата покана временската рамка за дискусии во вториот дел беше две минути. Јас, како еден од организаторите  му реков дека ќе му дадам две минути, а тој нека говори толку време колку што мисли дека му треба да се искаже. За време на паузата, едноставно, исчезна, што ме изненади, но не е прв пат Бачев да се однесува чудно. Можеби токму тој се исплашил, а потоа решил, сепак, да привлекува внимание што не го заслужува“ – изјави Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ го повикува Јанко Бачев и неговата партија да го повлечат ова апсурдно соопштение и да научат малку повеќе за политичката култура и дијалог. Во секој случај, во духот на отвореноста, Јанко Бачев и неговата партија, без оглед на тоа колку се маргинални и малициозни, ќе бидат поканети на секој нареден настан на организацијата, но секогаш ќе реагираме на лаги, клевети и манипулации. Ги замолуваме медиумите да ја консултираат и другата страна, особено кога се работи за еднострани информации и соопштенија, лишени од факти.

Со околу 100 учесници и повеќе од десет водечки медиуми Конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ предизвика огромен интерес во јавноста и е прв голем настан кој го означи почетокот на важните процеси за македонските интеграции. На конференцијата говореа премиерот Заев, владиниот советник Дане Талески, четири амбасадори, четири политички партии, осум организации на граѓанското општество и еден претставник на бизнис заедницата.

Конференцијата ја организираа ЦИВИЛ и МЦМС, како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 


На фотографијата: Бачев ја чита агендата на конференцијата на ЦИВИЛ. 

Tags: БачевдемантконференцијаЦивил
Share19TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ