• Latest

Светски ден на населението

July 10, 2018

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Светски ден на населението

July 10, 2018 07:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на Фондот на Обединетите нации – УНФПА денеска ќе го одбележи Светскиот ден на населението 2018. Годинава, темата е „Планирање на семејство како човеково право“.

Светскиот ден на населението за прв пат се одбележа на 11 јули 1990 година во повеќе од 90 држави во светот. Основната цел беше да се зголеми свесноста за итните и важни прашања поврзани со светската популација особено во контекст на севкупниот развој, информираат од УНФПА.

Генералното собрание на OН со Резолуцијата 45/216 на 21 декември 1990 година ја донесе одлуката Светскиот ден на населението да продолжи редовно да се одбележува низ целиот свет јакнејќи ја свесноста за прашањата поврзани со светската популација.

Меѓународната конференција за човекови права на Обединетите нации пред 50 години го прогласи планирањето на семејството за човеково право, за да денес е широко прифатено како основа за бројни права. Оттаму, правото на планирање на семејството вклучува уживање и на други права како што се правото на здравје, на образование и на достоинствен живот.

Пристапот до безбедно и доброволно планирање на семејството има централно место во јакнење на родовата еднаквост и е клучен фактор за намалување на нееднаквостите и сиромаштијата. Обезбедувањето на универзален пристап до здравствени услуги за репродуктивното здравје, вклучително и планирање на семејството, го забрзува напредокот на државата кон намалување на сиромаштијата и остварувањето на глобалните развојни цели, посочуваат од УНФПА.

(МИА)

Tags: Светски ден на населениетоУНФПА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ