• Latest

Фатена криминална банда која ограбувала граѓани во Аеродром и Центар

July 11, 2018

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фатена криминална банда која ограбувала граѓани во Аеродром и Центар

July 11, 2018 10:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кривични пријави и притвор заработија шетмина крадци од Скопје за разбојништво и тешки кражби сторени во Аеродром и Центар. Кражбите ги сториле од 15 јуни до 8 јули оваа година, а оштетиле осум лица од Скопје кои биле „олеснети“ за околу 3.500 евра.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје поднесе две кривични пријави, првата во која се опфатени лицата: Н.С. (27), О.С. (22), и М.Н. (29) и втората против лицата –  С.Б. (31), А.З. (40), Е.А.(33), инаку сите од Скопје, а поради постоење основано сомнение дека во текот на минатиот и почетокот на овој месец  сите пријавени сториле вкупно осум кривични дела од областа на имотните деликти.

Пријавените Н.С., О.С. и М.Н. во период од 15 јуни до 2 јули во централното градско подрачје како и во населба Аеродром извршиле едно кривично дело – „разбојништво“ и пет кривични дела – „тешка кражба на особено дрзок начин“, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 169.000 денари. Притоа, освен кривичното дело “разбојништво“, извршено во ноќните часови и со заканa со нож, овие тројца пријавени другите кривични дела ги извршиле во работен ден во пладневните часови, на отворен простор и на истоветен начин: користејќи моторцикл и со движење од позади грб им приоѓале на оштетените, кои се движеле по тротоар или стоеле на автобуска постојка, им ги одземале чантите и мобилните телефони кои им биле во раце, по што бегале.

Полицијата извршила претрес во домовите на пријавените каде што се откриени предмети што потекнуваат од извршените кривични дела. Н.С. и О.С. се лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица тие двајцата во целост го појасниле начинот на извршување на кривичните дела.

Со втората кривична пријава против С.Б., А.З. и Е.А. тие се сомничат за две кривични дела – „тешка кражба“, извршени во ноќните часови на 7 јули спроти 8 јули во Градскиот парк. Откако со свое возило се паркирале до возило кое им било објект на напад, го кршеле задниот прозорец, по што од возилата одземале чанти, мобилни телефони, паричници, брендирана облека и друго. Тие се приведени во полициска станица, а  извршен е и претрес во домовите на осомничените при што пронајдени се предмети што потекнуваат од извршени кривични дела. (МИА)

Tags: АеродромкражбиМВР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ