• Latest

Македонски ученици освоија сребрен и четири бронзени медали на олимпијади по информатика

July 13, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонски ученици освоија сребрен и четири бронзени медали на олимпијади по информатика

July 13, 2018 12:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските ученици освоија еден сребрен и четири бронзени медали на 26. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2018) и 12. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2018), што од 7 до 13 јули се одржаа во Темишвар, Романија. 

Сребрениот медал за Македонија на Балканската олимпијада 2018 го освои Мартин Динев од село Пирава, додека два бронзени медала освоија Владимир Максимовски од Штип и Андреј Величковски од Куманово. Четврти член на македонскиот тим беше Јосиф Тепеѓозов од Скопје.

Бронзени медали на ЈБОИ 2018 освоија Благојче Павлески од Прилеп и Тео Китановски од Скопје, а членови на тимот беа уште и Кристина Тасева и Марко Таневски.

Македонскиот тим на БОИ 2018 беше раководен од Емил Станков и Марко Палоски, додека тимот на ЈБОИ 2018 го раководеа Владислав Бидиков и Дарко Мартиновиќ, од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Учениците од двата тима беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, што редовно го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ).

Претседателот за ЗИМ, др Миле Јованов, кој воедно е претседател на Балканската олимпијада по информатика вели дека за држава како Македонија да учествува на овие престижни натпревари и од осум натпреварувачи да се врати со пет медали, во конкуренција во која скоро сите останати учеснички се значајно поголеми држави е неоспорно голем успех.

– Тоа што сите медалисти доаѓаат од различен град од Македонија е потврда дека талентот го има насекаде низ нашата земја и дека ние треба и понатаму да се трудиме да го идентификуваме и развиваме, вели тој.

На БОИ 2018 учествуваа вкупно 39 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија и Словенија.

Дополнително, како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија и Туркменистан.

На ЈБОИ 2018 учествуваа тимови составени од најмногу четири натпреварувачи од следните осум балкански земји: Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Здружение на информатичарите на Македонија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Балканска олимпијадаИнформатиканатпреварУченици
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result