ЦИВИЛ ја заврши анализата на непотполната документација добиена од ДИК, врз основа на прашањата што упорно ги поставува од октомври 2017 година, а кои се однесуваат на трошењето и јавните набавки во оваа институција. Прашањата беа поставени според Законот за пристап до јавни информации. Од анализата на ЦИВИЛ се гледа дека членовите на ДИК навистина не штеделе. Напротив, потрошени се огромни суми пари за мобилни телефони, мебел и други „погодности“.
Повеќе детали во утрешната сторија „Нови детали за расипништвото во ДИК“.
М.Л.