• Latest

Сега е моментот

July 19, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Сега е моментот

July 19, 2018 14:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Интелектуалците потпишаа петиција за прекин на преговорите со Грција/над 320 грчки интелектуалци го поддржуваат Договорот од Преспа.

Во развојот на една држава има јазлови моменти, крстосници, кога се тргнува по еден или по друг пат. Кога се дефинира правецот на движење и кога се формулираат вредносните рамки. Има моменти кога луѓето ги бомбардираат со најразлични и многу противречни информации, кога станува збор за комплексни процеси кои сами по себе се тешки за разбирање, кога се внесуваат нови поими и вредности и се рушат некои стари и добро устоличени предрасуди.

Пишува: Мирјана Најчевска

Во тие и такви моменти исклучително значење има изградениот и јасно манифестиран став на интелектуалците во државата. Важно е што мислат професорите и писателите и новинарите и актерите и академиците и …, за процесите кои се одвиваат, што поддржуваат, а што не. Важно е на која страна од барикадите се наоѓаат и важно е јавно да ги искажат своите заложби. Многу е важно да ги објаснуваат своите ставови, да ги образложуваат, да даваат аргументи. И многу е важно отворено да се спротивстават на струите кои влечат наназад, на конзервативните изблици на стереотипизирање и негирање на промените, и пред се, на говорот на омраза и промоцијата на насилството како легитимна алатка во справувањето со конфликтите.

Интелектуалците во Република Македонија не ја одиграа и се уште не ја играат улогата која би требало да ја имаат во развојот на државата. Зошто?

Мислам дека тие кои по некој (макар и формален) основ можат да се вбројат во групата “интелектуалци“ не сакаат барем да ги поддржат, ако веќе не ги предводат промените, од различни причини.

Прво, се соочуваме со група интелектуалци кои едноставно се плашат. Се плашат за работното место, се плашат од осуда, се плашат дека нема да добиваат дополнителни средства и хонорари, се плашат дека ќе им бидат ускратени некои бенефиции, се плашат дека ќе бидат казнети, се плашат од сопствената и посебно се плашат од туѓата сенка.

Второ, може да се идентификува група интелектуалци кои се апатични и потполно незаинтересирани за пошироките случувања околу нив. Тие живеат во својот свет на “науката“ како некој дворец со моќни ѕидини кои ги штитат од било каков допир со реалноста.

Трета е една огромна група која со години градела лажен авторитет кој не се базира на знаење, која дошла на позиција со измама, заседнала на конкретно место како нус-продукт на политичките игри и која има големи (материјални или нематеријални) долгови кон конкретни политички партии, политичари, бизнисмени, локални и централни моќници.

Четврта е групата на утилитаристи. Тоа се интелектуалци кои за ништо не би го нарушиле сопствениот комодитет и кои се јавуваат само од време на време нешто многу мудро да промрчат на некој медиум единствено ако тоа значи дека нема да се разбранува удобната и топла жабокречина во која се сместени.

Петта е групата интелектуалци кои едноставно живеат на истиот простор, меѓутоа во некое сосема друго време. Тие искрено веруваат дека минатото е нашата иднина, дека понеделник почнува во сабота и дека развојот е западна иновација која е наменета за разорување на традиционалните вредности на нашето општество. За среќа тие се и најмалубројна група.

И тука се оние шестите, кои тргаат први на барикадите, кои се пенават како луди, кои ги нарекуваат конфликтни, и кои ги поттурнува настрана и ги толчи секоја власт, упорно и систематски и континуирано се додека не засипнат и не престанат да претаат.

Многу тешко е во вакви услови да се собираат потписи на интелектуалците во поддршка на една очигледно позитивна акција. Тешко но не и невозможно.

Сега е моментот.

Еве, јас го поддржувам договорот од Преспа.

 

 


Фотографија во прилог на текстот: архива на ЦИВИЛ

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 20 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ГрцијаинтелектуалциМакедонијаПреспа
Share681TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ