• Latest

Различни во Софија, еднакви во автобус

July 31, 2018
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Различни во Софија, еднакви во автобус

July 31, 2018 11:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во месец октомври 1999 година во Софија се запишав да учам пантомима и театарска режија. Поточно, во Софија се пријавив на приемниот испит по актерска игра бидејќи истата таа година бев одбиен на скопската академија попозната и како ФДУ. Конкурирав за место во класата на професорот кој подоцна стана амбасадор на нашата држава во Софија, Бугарија, инаку наш познат театарски режисер, писател и дел од политичко „милје“ на оваа држава.

Пишува: Војо Цветановски

Кога си го прочитав името и презимето на листот на одбиените и му пристапив во дворот на ФДУ да го прашам зошто сум одбиен, тој во од, без да застане, ми рече: А бе пиле, не ти е ова математика за да ти одговорам каде си погрешил.

Подоцна кога јас станав професионалец во истата оваа струка открив дека меѓу останатото е и математика, ако се земе предвид фактот дека математиката повеќе е философија одошто природна наука и дека кога „големите“ професори ги мрзи да им одговорат на оние кои ги одбиле се служат со вакви излитени – шаблон фрази само за да „ги откачат“ младите и жедни за уметност деца на општеството.

Три дена подоцна со Суад Сефери, мојот соученик од средно, со кој седевме во иста клупа четири години, дента седевме на чај во New Age.

– И, што ќе правиш сега? – ме праша.

– Не знам, веројатно ќе се обидам на книжевност или новинарство, уште ми е свежо се’. Ми треба време да размислам. – му реков.

Бев скршен од „поразот“.

Низ разговорот Суад ми раскажуваше за Софиската академија – НАТФИЗ (Национална академија за театарска и филмска уметност) која патем е петта катедра во Европа за театар и прва катедра во Европа за куклен театар. Суад имал негова пријателка, Емина, која веќе била запишана таму, на сценографија. Јас од него прв пат слушнав дека постои нешто такво.

– Пробај во Софија, немаш што да изгубиш. – беа зборовите со кои јас и Суад, таа топла пролет, 1999 година се разделивме.

Го послушав. Се пријавив на приемниот испит по актерска игра во Софија на НАТФИЗ. И од таму ме одбија. Тоа веќе беше знак дека треба да се повлечам од сето ова или бар да почекам една година, да поработам малку повеќе на себеразвивање во областа на театарот и филмот.

И додека седев на „прозорите“ пред академија на култната софиска улица „Раковска“, еден од членовите на комисијата која ме следеше на приемниот испит ми пријде и ми рече да се качам горе во ректоратот. Се качив. Таму беше целата комисија. Одлучиле дека јас би бил одличен студент по пантомима и ми понудија да останам на студии во Софија во наредните четири години, како студент по пантомима и театарска режија – пантомима на НАТФИЗ – Крсто Сарафов. Бев пресреќен. Сепак видоа нешто во мене поврзано со сценски израз.

-Во ред, ќе пробам пантомима. – им реков. – Ако не ме бива ќе се повлечам после една година.

Таа топла септемвриска вечер од Софија му пишав кратко писмо на Суад:

„Примен сум во Софија, се гледаме за четири години во Скопје.

Војо“

Класата по пантомима и режија во која се најдов и јас броеше дванаесет студенти, девет Бугари, една Србинка Јелена, Швајцарецот Томас и јас. Бев единствен Македонец во класот. Тоа подразбираше дека ќе морам што е можно најбрзо да ги совладам и бугарскиот и англискиот јазик за да можам да се разбирам со останатите. Српскиот веќе колку – толку го зборував.

– Тешко ми е ова со јазициве. – му реков на татко ми во еден од оние маратонски телефонски разговори во првите месеци живот во Софија додека уште не бев ни свесен што ми се случува.

– Морам и да слушам и да зборувам и да пишувам на јазик што не го знам, има и еден Швајцарец со кој морам и на англиски, а и професорката по историја и теорија на класичен танц е од Русија и зборува на руски јазик. Особена неа ништо не ја разбирам на предавањата.

На татко ми му беше смешно сето тоа, додека мене ми се кршеше душата.

– Одлично. – рече. – Сега имаш можност да се наоружаш за цел живот. Знаењето странски јазици е најголемото оружје кое човек може да го поседува. Никако немој да ја испуштиш оваа шанса да се наоружаш и без грижи да чекориш понатаму во животот.

Четири години живеевме како еден. Професорот на класата Александар Илиев инаку еден од најдобрите професори во тоа време, млад и перспективен, кој патем денес живее и работи како редовен професор на Балтиморската академија за театар во САД, маестрално ја искористи таа измешаност во нашата класа. Со нас правеше и традиционални, но и мултикултурни проекти. Имаше материјал за тоа. Четири години подоцна кога дипломиравме пантомима станавме најдобриот клас во генерацијата на НАТФИЗ. Со нас паралелно беа двата класа по актерска игра, оние кои ме одбија, еден клас куклен театар и уште клас по модерен танц. Ние бевме најкреативните.

Се стекнавме со можноста да патуваме низ регионот и да ја претставувавме академијата по студентските фестивали. Еден од нив беше и скопскиот „Скомрахи“, тука се сретнав и со оние со кои заедно се јавивме на приемниот испит во Скопје 1999 година, сега веќе и тие беа на четврта години студенти. На „Скомрахи“ ние ја затворавме програмата. За мене тоа беше едно неверојатно искуство. Бев претставник на туѓа држава во мојот роден град и тоа во центарот на Скопје, во тогашен театар Центар. Тогаш прв пат силно почувствував што значи да си професионалец.

Патувавме низ Бугарија со претставите, нема град во кој не влеговме и не изигравме претстава.

Последна беше турнејата во Србија. Со минибусот на академијата тргнавме низ одредени делови на Србија, места претежно населени со бугарско население. Бевме со претставата „Хамлет“ според Вилијам Шекспир која ја игравме на италијански начин поточно во Commeddia dell’ arte – стил, која, патем изобилуваше со мултикултурализам. Ја игравме плоштадно. Поточно, ја игравме по улици / плоштади. На шешир, баскерски.

И додека се возевме во минибусот водичот на групата, веројатно претходно никој не го предупредил за тоа каква е оваа трупа почна да зборува за национализам, за религија и за тоа колку македонскиот народ не постои, дека е вештачки, дека се’ се тоа Бугари и дека јазикот кој го зборуваат е бугарски напишан на лоша српска машина за куцање. И во еден момент Станимир Енчев, инаку еден од моите поблиски пријатели стана и почна да се дере:

-Ај прекини, прекини! Четири години во овој клас збор не сме си кажале на националистичка основа. Еден збор не сме изустиле за разликите меѓу нас, кој од каде е и во што верува и ти сега се најде најпаметен тука во автобусов да дрдориш. Демек допадлив сакаш да бидеш. Не, пријателе, само повеќе и повеќе ни се гадиш. Патриоти сме сите ние, не се грижи, но никој од нас не е закржлавен националист. И јас верувам дека е само Македонец и ништо друго. И нема кој да го убеди ниту него, ниту мене во спротивното. Врска нема со нас Бугарите, слични сме, но не сме исти. И тоа е одлично! И замисли сега како се чувствува додека ти ги изговараш сите овие тешки глупости! Или прекини или излези од автобусот и веќе да не те видиме.

Во автобусот настапи громогласен аплауз. Почнав да аплаудирам и јас. До мене седна Томас, мојот соученик од Швајцарија.

– Батали ја будалава. – ми рече.

– Не разбирам, која будала? – го прашав.

– Не слушна што се изнакажа Станчо сега додека стоеше?! – ме праша.

Јас ниту го слушав водичот што зборувал, ниту пак сум чул што Станчо се’ изнакажал во моја одбрана. За жал ја пропуштив целата таа вжештена атмосфера бидејќи во тие периоди од уши не ги вадев слушалките поврзани за дискменот од каде 24 / 7 ми свиреше тогаш новиот албум на Red hot Chilli Peppers – Californication.

Потоа кога стигнавме Ралица дословно ми го раскажа целиот говор на Станчо.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share74Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ