• Latest

Џафери: Илинден еден од темелните датуми на Македонија, граѓаните пред уште една судбоносна одлука

August 2, 2018

24 ЧАСА: Училишниот прибор со намалени цени од 15 август; Бесплатен паркинг за болните од канцер на Клиничкиот центар; Украина нападна стратешка руска рафинерија кај Краснодар

August 7, 2025

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Џафери: Илинден еден од темелните датуми на Македонија, граѓаните пред уште една судбоносна одлука

August 2, 2018 11:01
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Илинден е еден од темелните датуми во историјата на Република Македонија и нејзините граѓани, кои имале една единствена цел, слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи ќе биде подеднакво за сите без разлика на нивната етничка, верска или која било друга карактеристика, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој по повод националниот празник се обрати пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, поставен во центарот на Скопје. 

– Ако го погледнеме познатиот Крушевски Манифест и документите од АСНОМ, ќе се увериме дека човековите права и слободи и мултиетничкиот и мултиконфесионалниот карактер на општеството биле основните постулати врз кои водачите и на првиот и на вториот Илинден замислувале да се гради државата и да се развива граѓанското општество, рече Џафери

Од пред споменикот на Ченто, кој беше претседател на АСНОМ, а од 1945-та година и прв претседател на Президиумот на Народното Собрание, претседателот на Собранието рече дека во овие 27 години самостојност Македонија поминала многу премрежија и кризи, но оти заедно успеавме да ги надминеме и да одиме напред. Посочи на поддршката од мнозинството граѓани за целосна интеграција во НАТО и ЕУ и ја повика опозицијата и сите граѓани да го поддржат исполнувањето на Договорот со Грција за името.

– Веќе е добиена поканата за полноправно членство во НАТО и имаме конкретен датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија, потсети Џафери споменувајќи дека за ова ни помогнале нашите пријатели и стратешки партнери од меѓународната заедница.

Сега, посочи тој, сите ние како граѓани, сме пред уште една голема и можеби судбоносна одлука.

– Дали ќе продолжиме напред кон евроатланското интегрирање на земјата или пак ќе заглавиме на слепиот балкански колосек кој не нè води никаде е наш избор, истакна Џафери.

Актуелната власт и парламентарното мнозинство, според него, покажаа дека се подготвени да ја преземат одговорноста за иднината на државата и на граѓаните.

– Оттука, ја повикуваме и опозицијата да преземе дел од одговорноста која што и припаѓа за иднината на државата и граѓаните. Затоа, денеска кога ги одбележуваме двата илиндена и кога изразуваме неизмерна почит и благодарност до сите илинденци, би сакал од ова место да апелирам до сите граѓани на Република Македонија, до сите лидери на политичките партии и до сите мои колеги пратеници од мнозинството и опозицијата, да бидат вистински одговорни и визионерски и со моќта на својот глас да го поддржат исполнувањето на Договорот со кој ќе се исполни стратешката цел, членство во ЕУ и НАТО, рече Џафери.

Со тоа, смета претседателот на Собранието, ќе биде можно и остварувањето на соништата и заложбите на претходните генерации за слободна, независна држава во која почитувањето на човековите права и слободи е од есенцијална важност.

Џафери вели дека тоа е „наш долг кон сите оние кои се бореа за таква Република Македонија и наша обврска кон нашите деца, внуци и идни генерации кои заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во европска Македонија, современа и просперитетна држава на европски граѓани“.

Пред споменикот на Методија Андонов Ченто свежо цвеќе по повод Илинден положија членови на неговото семејство, потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и пратеници, министрите за финансии, за труд и социјална политика и за дијаспора, Драган Тевдовски, Мила Царовска и , претставници на Сојузот на борците, на судската власт, на верските заедници и локалната самоуправа, од Кабинетот на претседателот на државата и дипломатскиот кор.

Претходно цвеќе беше положено и на спомениците на АСНОМ во „Жена парк“ и на споменикот на  Никола Карев пред Собранието на РМ. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ИлинденКрушевоТалат Џафери
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ