• Latest

Безбедносната состојба е под контрола по притворањето на борците од ИД

August 11, 2018
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Безбедносната состојба е под контрола по притворањето на борците од ИД

August 11, 2018 10:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

По притворањето на седумтемина странски борци на Исламска држава (ИД) со потекло од Македонија во вторникот, извори на безбедносните служби информираа дека безбедносната состојба во земјава е мирна и под контрола, закани од тероризам нема, но дека опасност секогаш постои. 

Македонските државјани кои учествувале во војните во Сирија и Ирак беа приведени на 7 август. Тие се на возраст од 23 до 41 година (С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995) и потекнуваат од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар. Пред три и две години против нив беа поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции „Ќелија 1“ (август 2015) и „Ќелија 2“ (јули 2016).

Репатрираните борци на ИД во вторникот биле донесени со воен авион на скопскиот аеродром каде што биле и приведени. Биле уапсени од единици од Сириските демократски сили. Како странски платеници биле заробени во Сирија. Процесот на апсење и нивно преземење во земјава бил заеднички изведен со Глобалната антитерористичка коалиција.  Уапсените ќе одговараат по член 322а, а еден од нив и по член 394а од Кривичниот закононик.

По нивното преземање и пиведување, Пентагон ја поздрави одлуката на Македонија да ја прифати групата нејзини државјани заробени во Сирија. Портпаролот Ерик Пахон за „Вашингтон тајмс“ изјави дека Македонија покажала пример за сите членови на Глобалната коалиција како да се порази Исламска држава и нагласи дека странските терористички борци не се само проблем за Сирија или за регионот, туку глобален проблем што бара глобална соработка.

Според изворите на безбедносните служби, во наредниот период се очекува да бидат  приведени и останатите терористи од Македонија кои се бореле на боиштата во Сирија и Ирак. Се претпоставува дека се работи за 15 до 20 лица, а за петмина од нив и Интерпол има потерница.

На боиштата за Исламската држава во изминатите неколку години загинале 35 македонски државјани. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    187 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ