• Latest

Заев: Време е за одлука!

August 13, 2018

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Време е за одлука!

August 13, 2018 10:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со договорот македонскиот идентитет е заштитен. Граѓаните на Македонија влегуваат гордо во НАТО и ЕУ. Време е за одлука! Одиме напред во НАТО и ЕУ, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на неговиот Фејсбук профил.

Заев на ФБ

Постот е дел од владината кампања за есенскиот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа со кој се решава спорот за името со Грција и се отвора патот на земјата кон НАТО и ЕУ.

Во рамки на кампањата објавени се и неколку видео-спотови со кои се појаснуваат придобивките од договорот.

Претходно, Владата на нејзината веб страница објави текст со факти за Конечниот договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство, во кој во 10 точки се содржани бенефитите за Макадонија и македонските граѓани од договорот. Кон текстот е прикажан и линк кон целосниот текст на договорот на македонски јазик.

Кампања за референдум

Во текстот како прва придобивка се наведува дека станува збор за Договор за македонската иднина, дека со договорот е заштитен македонскиот идентитет, дека е заштитен  македонскиот јазик, државјанството е македонско сега и во иднина, химната, грбот и знамето не се менуваат, а остануваат и меѓународно прифатените и препознатливи кодови МК-МКД. Меѓу 10-те точки се и дека добивме покана за НАТО со што земјата ќе стане 30-та земја членка, дека ќе започнеме преговори за членство во ЕУ, за што преговорите се во тек, како и дека договорот гарантира македонско-грчко пријателство и соработка и дека нема веќе ФИРОМ.

Кампања за референдум

За текстот денеска пишуваат и грчките медиуми. Весникот „Катимерини“ под наслов „Заев исцрта 10 точки од Договорот од Преспа, кои ги смета за дипломатска победа“ ги наведува поединечно секоја од точките и посочува дека се дел напорите за убедување на јавноста да гласа за договорот на претстојниот референдум закажан за 30 септември. При тоа, весникот истакнува дека ова е конечен договор за решавање на македонско-грчкиот спор околу именувањето и стратегија за соработка меѓу двете земји.

Си Ен Ен – Грција излегува со наслов „Десет точки од Договорот од Преспа со фокус на Македонија во пресрет на референдумот каде се посочува на текстот на владината интернет страница со 10-те точки, кои се опишуваат како „дипломатска победа“ на земјата. Во текстот се наведува дека македонската влада спроти референдумот е во засилената кампања која е фокусирана на позитивните аспекти од Договорот од Преспа. Поединечно се наброени и секоја од точките со образложението.

– Меѓу другото, карактеризиран како договор за иднината, зборува за заштита на „македонскиот“ идентитет и јазик, се појаснува дека тие нема да ги променат химната, знамето и грбот, со нагласување на отворањето на пристапните преговори со ЕУ и поканата за членство во НАТО, посочува Си-Ен-Еб Грција.

Невладината организација МЦМС минатата недела објави резултати од анкета за испитување на ставовите на јавноста за референдумот според која само три проценти од македонските граѓани целосно го прочитале договорот од Преспа.

(МИА)

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ