• Latest

Дезинформации и шпекулации во пресрет на референдумот

August 17, 2018

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

„Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

October 22, 2025
Никица Корубин, панел на ЦИВИЛ "Демократско наѕадување: Импликации и последици", 9 октомври 2025
Фото: ЦИВИЛ

Корубин: Во демократијата секој од нас учествува во одлучувањето и управувањето

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен: На ЕУ и се потребни побрзи одлуки за зајакнување на конкурентноста

October 22, 2025

СДСМ: Тоне ВМРО-ДПМНЕ – ние ја продолжуваме битката за уште 17 општини

October 22, 2025
Фото: Б.Јирдановска / ЦивилМедиа

ЕУ подготвува план за користење на 176 милијарди евра замрзнати руски средства за заем на Украина

October 22, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски: Русија не чувствува доволен притисок за крај на војната

October 22, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дезинформации и шпекулации во пресрет на референдумот

August 17, 2018 07:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со интензивирање на кампањата за претстојниот референдум за Договорот меѓу Македонија и Грција, се засилуваат и разни дезинформации и шпекулации.

Ден по отворениот ден на oбуката на копнените сили на САД на армискиот полигон „Криволак“, на социјалните мрежи се појавија информации дека на овој полигон ќе се користи муниција со осиромашен ураниум, која е опасна по здравјето на луѓето.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска веднаш излезе со најостар демант за овие информации, нарекувајќи ги лажни вести.

шекеринска фејсбук

– Ноторните лаги никому не се од корист. Граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести во пресрет на претстојниот референдум и официјализирањето на членството во НАТО, напиша Шекеринска на својот профил на Фејсбук.

И Министерството за одбрана ги демантираше шпекулациите кои се споделуваат на социјалните мрежи дека на полигонот Криволак ќе се одвива гаѓање со бомби кои содржат осиромашен ураниум.

– Министерството за одбрана најодговорно тврди дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и тренинзи на нашите партнери од НАТО на полигонот Криволак не се од било каква опасност по здравјето на граѓаните, ниту ќе се користат бомби со осиромашен ураниум, се наведува во реакцијата на МО.

Натаму се наведува дека „ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за претстојниот референдум“.

Во исто време, се интензивираат и шпекулациите и во однос на надворешната политика на земјава, поконкретно за неодамнешните препукувања во македонско-бугарските односи. Дојче веле во вчерашната анализа тврди дека обидите за создавање тензии меѓу Македонија и Бугарија имаат за цел да го блокираат патот на Скопје кон НАТО, а во полза на Русија.

Заев и Борисов

Во анализата се вели дека се почнало од лидерката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, која во изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев за македонскиот карактер за Илинденското востание видела голем скандал и ја повикала бугарската влада на остра реакција, а на крајот испратила и писмо до Европскиот Парламент. Топката ја презедоа и други проруски политичари и така таа најде свое место и во македонските медиуми, чии читатели ќе гласаат на крајот на септември, наведува ДВ.

– Доколку некој има интерес од разгорување на тензиите меѓу Бугарија и Македонија и со тоа да го спречи влезот на Скопје во НАТО и да го одложи почетокот на преговорите со ЕУ, тоа е Русија. Пред неколку недели Грција протера руски дипломати поради нивните обиди да го поткопаат договорот со Македонија и да испровоцираат протести. Заев соопшти за откриената шема за финансиско помагање на фудбалски навивачи во Македонија, кои требало да организираат немири против договорот со Атина, а парите доаѓале од руско-грчкиот милионер Иван Савидис,  објавува Дојче веле во анализата на нивниот дописник од Софија, Иван Бедров насловена „Кој и зошто сака да ги скара Македонија и Бугарија?“

По потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција излегоа и најразлични информации околу неговата содржина. Противниците на договорот тврдат дека Македонците со него ќе го изгубат својот идентитет, додека Владата убедува оти со договорот напротив македонскиот идентитет се зацврстува, и оти повеќе нема да има пречки за стратешката цел на земјава а тоа е членството во евроатлантските структури.

Кампањата за претстојниот референдум, што ќе се одржи на 30 септемри, согласно законот почнува од денот на неговото распишување.

Засега активности поврзани со референдумот има само на социјалните мрежи, а Владата на седницата на почетокот на неделата донесе одлука да спроведе процес на планирана комунијација од јавен интерес, односно кампања за референдумот.

Владата ќе ја спроведе кампањата со цел да ги информира граѓаните околу содржината на Договорот со Грција, придобивките од интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ.

Според  истражувањето на МЦМС само три отсто од испитаниците потврдиле дека го прочитале Договорот со Грција, а и самиот Заев на одбележувањето на годишнината од Рамковниот договор порача дека целта е тој процент да достигне сто – сите да бидат информирани за договореното меѓу Македонија и Грција.

Министерствата и другите органи на државната управа имаат уште еден ден рок за да достават информации до Министерството за финансии за средствата што ги имаат на располагање, што би можеле да се пренаменат за кампањата за референдумот.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа најави дека на наредната владина седница ќе се донесе конкретен план и програма за одвивање на целата кампања за референдумот, вклучително и за средствата што ќе се потрошат за таа намена. Според него, тогаш ќе може и да се излезе со проекција колку пари ќе бидат одвоени за кампањата.

Кампања за референдум

Во врска со досегашната кампања на Фејсбук страницата на премиерот Зоран Заев за референдумот, Хоџа рече дека се работи за потрошени средства до сто евра за јавно рекламирање на социјалната мрежа.

Нема забрани за тоа кој може да води камања за референдумот. Според одлуката на Државната изборна комисија, само Собранието како овластен предлагач има определено посебен простор за јавна пропаганда кој го обезбедуваат радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми. Согласно одлуката на ДИК останатите кои сакаат да учествуваат во кампањата, тоа може да го сторат по пазарни услови. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ