• Latest

Човечкиот фактор најчеста причина за грешките при вадењето изводи

August 19, 2018

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Човечкиот фактор најчеста причина за грешките при вадењето изводи

August 19, 2018 09:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Квалитетот на јавната администрација најмногу се гледа преку директниот контакт со граѓаните, односно услугите што таа им ги нуди на граѓаните. За жал, тоа во последно време не може да се види пред шалтерите за вадење изводи, умреници… Таму се почесто може да се забележи метеж и изреволтирани граѓани кои реагираат поради згрешени лични документи и нељубезноста од службениците, иако тие треба да им овозможат брза и ефикасна услуга на странките.

Од Управата за водење на матичните книги велат дека причина за грешките е човечки фактор, а за да се надмине тој проблем постојано се работи со административните службеници за зајакнување на нивните капацитети.

Често пати во нивните простории има непријатни случаи токму заради нивните технички и човечки грешки, но има и скандалозно однесување на вработените по подрачните единици на Управата. Проблемите ги препишуваат на немањето луѓе, опрема, време, неадекватен систем, а не на односот кон странките.

-Најблаго речено бев фрапиран, вџашен од односот на лицето кое требаше да ми издаде документ. Тоа беше се само не државен службеник, кој треба да ви издаде личен документ. По однесувањето и вокабуларот што го користеше повеќе наликуваше на насилник. Згрозен сум и денеска од зборовите што ги искажа пред повеќе луѓе во просторијата, иако од настанот помина повеќе од еден месец, ни изјави еден незадоволен корисник на услугите на Управата, кој на крајот ни наведе дека за скандалот веќе вложил и поплака кај надлежните.

Канцеларија на УВМК Аеродром

– Во УВМК вработени се 450 административни службеници. Континуирано се работи на зајакнување на капацитетите на вработените, и нивно запознавање со етичкиот  кодекс на административни службеници се со цел подобар пристап кон граѓаните на Република Македонија, велат од Управата..

Оттаму посочуваат дека постојат грешки што се од техничка природа – човечки фактор, меѓутоа, како што додаваат, граѓаните треба да разберат дека има грешки заради начинот на водење на евиденцијата во матичните книги и евиденцијата во базата матичен број на Министерството за внатрешни работи.

– Голем дел од податоците што се водат во матичните книги при внесувањето матичен број во базата се случува да бидат поинаку внесени. На  пример, се издава извод од МКР за лице од машки пол, но при определување на матичниот број направена е пермутација и определен е женски матичен број, или ова лице во МВР се води со машки матичен број, но при внесување на матичниот број во матичната книга направена е грешка и пишан е женски матичен број. Со оглед на фактот дека од постоење на Управата за водење на матичните книги изводите се издаваат исклучиво со претходно извршена проверка во матичната книга, граѓаните  сега се соочуваат со овој проблем и службите во случај кога ќе откријат вакво несогласување на податоците веднаш пристапуваат кон службена исправка за изедначување на податоците во нивните евиденции, велат од УВМК.

извод од матична книга

Сепак, како што истакнуваат од Управата, предвидениот рок од три дена целосно се запазува и граѓаните можат да ги подигнат бараните документи на третиот ден. Изводите, што, пак, се поднесени по електронски пат се готови истиот ден кога е поднесено електронското барање.

Веќе подолго време Управата за водење матични книги работи и на внесување податоци од матичните книги во електронски систем и досега се внесени 25 отсто од вкупниот број записи.

Матичната евиденција е витална евиденција за државата Република Македонија. Постојат 8.000.000 записи во хартиена форма од 1900 година до сега. Од нив досега во електронскиот матичен регистар се внесени 25 отсто од вкупниот број записи, посочуваат од Управата.

Даниела Маркоска Алексовска за МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ