Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најостро ги демантира информациите изнесени на порталите Курир и Инфомакс, дека негов прв братучед е фатен во обид за шверц.
„Дека станува збор за лажни и неточни информации и обид да се изманипулира јавноста, се гледа од самите текстови објавени на двата портала, во кои што не се посочува никакво име, каде и кога се случил настанот, туку само наводна роднинска врска.
Јасна е целта на уредувачката политика на Курир и на Инфомакс, да се оцрни и дискредитира името и успешната работа на министерот Николовски, во период кога како никогаш во изминатите 11 години, навреме и неселективно се исплаќаат субвенциите за земјоделците, се носат развојни мерки и крупни проекти за развој на македонското земјоделство.
Министерот Николовски најостро ги осудува ваквите невистини и обиди да се изманипулира јавноста, особено земјоделците. Министерот Николовски ги повикува двата портала итно да ги повлечaт текстовите и да се извинат, во спротивно ќе следува тужба“, стои во демантот на Министерството.