• Latest

Важно – ќе нѐ биде!

October 4, 2018
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Важно – ќе нѐ биде!

October 4, 2018 08:15
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Македонија е тешко да изразиш лично, неконтаминирано  мислење за што и да е, а да не се најде некој што ќе се згрози, што ќе те етикетира ( молкум, во четири очи или јавно), што автоматски ќе те стави во „противничкиот“ табор, што и да значи тоа противнички.

Дијана Тахири

Или, да те казни пост фестум  во пасивно агресивен манир, во смисла на игнорирање, тајно подсмевање предизвикано од двоумење помеѓу презир што не и се приклучуваш на толпата или од немање храброст за истапување со личен,  непристрасен ( колку е тоа можно) став и мислење,  и како последица се „пристапува“ кон  хорско конформистичко изразување. И недајбоже да гласаш или не гласаш по лично убедување! Е дури тогаш си предавник на државата, родот, демократијата, комшијата, ЛГБТ заедницата, Анима Мунди, светот и пошироко! Папала те маца, или твитер и фејсбук заедница и некои други заедници!

Во овој дух помина месецот пред референдумот, а ништо поинаку не се слуша ни сега, пост фестум. Никако да се застане и да се помолчи, да се размисли сталожено кога тоа го допуштаат условите и околностите во кои живееме. Бука. Не е лесно да си го слушнеш јасно ниту личниот внатрешен, ниту нечиј друг глас, од буката што си ја произедуваш сам, а и од речиси секого околу тебе. Како кога те заслепуваат летни попладневни сончеви зраци директно во очите, додека возиш, и рутински го поминуваш делот од патот бидејќи ти е познат, а тоа што не гледаш и можеш да поминеш преку некого со кола, нема врска, важно да стигнеш до – на пример – дома, каде и  да се наоѓа местото што го нарекуваме дом.

Предреферендумска, или партиска кампања?

Мнозинството граѓани на Република Македонија својот иден „дом“ го гледаат во ЕУ, и своето идно пребивалиште под воена заштита и во нејзина служба – НАТО. Верувале или не, дури и голем број од тие што не гласаа или гласале против, мислат слично како погоре опишаното. Само треба да се слушнат зошто решиле поинаку, во голем број пред самиот референдум. Но, општеството се подели на „тие што ќе гласаат „за“, се наши“, и „тие што нема да гласаат или ќе гласаат „против“, се исто наши, ама клети“. За ваквата поделба во голема мерка е заслужна владината  предреферендумска кампања, ќе рече некој, а делумно и е вистина. Познавам доста луѓе, меѓу кои спаѓам и јас, на коишто им дојде преку глава од крајно несмасно осмислените пароли по рекламните материјали, и уште повеќе од, на почеток смешните, но потоа загрижувачки изјави на, погодете кој? – Премиерот наш. И секако, другите актери околу него. Да не се враќам на недозволивите грешки на службата за протокол. И да не се враќам на честите изјави и соопштенија коишто час доаѓаа од владата, час од партијата – СДСМ. За ВМРО  не би губела време, бидејќи луѓето од таму, а највеќе нивниот „лидер“, се тотално изгубени некаде во некој друг универзум, кадешто деноноќно цвета глупавоста. Си мислиш – ај Груевски се уште им виси над глава… не ќе да е баш така, тој беше се, но не глупав. Проблемот е што се уште шета слободен, а многумина се задоволни што често е гостин по судовите. Како и да е, кампањата заврши како што заврши, ќе се спрема нова. Не знам од кај ќе се црпат нови идеи, мислам дека не треба многу да му ја мислат, ниту нешто многу да не трошат, истите слогани и ветувања им се сосема ок и во согласност со главната агенда на владината коалиција, нели, Европа и НАТО.

Камшик да не треба?

Премиерот на Р. Македонија во неколку наврати во текот на кампањата спомнуваше дека некој од надвор треба да фати камшик и да не камшикува сите, вклучувајќи го и него. А камшици внатре колку сакаш, нема потреба од увоз. Само што домашниот камшик не боли и не загрозува позиции, зделки, џебови и тајни договори и секакви алибија на власта и уште повеќе, на тие околу власта. Да почнеме од сите гласови што упорно укажуваат, и коишто уште поупорно се игнорираат како од господинот Премиер, така и од другите во Влада и Собрание. Да набројам? Нее, си постои пи- ар служба што ревносно забележува сè, и потоа по пат на селекција и приоритет  ги соопштува каде што треба. Секако, се соопштува  само тоа што ги засега тие „каде што треба“,  во смисла на што помалку вистински прашања, и што повеќе прашања за мачкање леб, и многу очи. А камшикот, по некоја логика, би требало да дојде од блиску, како „каменот“ на Муса. И навистина, каде е Муса?!

Ај еден потсетник: камшик по судството, како врвен приоритет. А корупција  и криминалци во влада нема! Така реши СЈО. МВР цвета од неефикасност и уште повеќе од… ах, заборавив, корупција нема! Така решија од Влада. Субвенциите фрчат како владините проекти во времето на ВМРО, тендерите на ДУИ не престануваат, ама нив не треба многу да ги закачаме бидејќи сè уште се многу потребни за постигнување бројност во влада, и секако, за алиби. ДИК – останува верна на своите досегашни практики, со својот ненадмашно непрочистен избирачки список. И така натаму, и така натаму.

Пост референдумски гуми за џвакање,  за освежување на владиниот здив

Веднаш по пребројувањето на гласовите, организаторите на референдумот излегоа со изјави што навестуваа помирување со неуспешниот успех. Премиерот, нормално, даде избрзана изјава дека ако не, идеме на предвремени избори. Дека Мицко ќе го предизвика најверојатно, како што и се случи. Памтам и кога Груевски го предизвика Цренковски на избори, па СДСМ изгуби „ко Грчка“. Само што на (евентуалните предвремени) парламентарни избори СДСМ нема да изгуби од ВМРО. Ниту ВМРО од СДСМ. СДСМ ќе изгуби од СДСМ, а ВМРО ќе изгуби и од ВМРО и од СДСМ и од секого. ДУИ ќе си остане константа, не дека ќе добие повеќе гласови од минатите парламентарни избори, туку другите албански паритии ќе нема кој да ги гласа, за разлика од ДУИ, коишто сè уште имаат своја верна публика и клиентела, а и гласачи повратници. Меѓународната заедница е стаписана од резултатот од референдумското изјаснување, како да беа сигурни дека не само граѓаните на Македонија, туку и од целиот свет, ќе се изјаснат „за“ европска Македонија и НАТО. И без план Б. Или Ц. Единствено што можеме да слушнеме од нив, е дека не можете во ЕУ и НАТО ако не го испочитувате Договорот од Преспа, што сакате правете, ама испорачајте! Впрочем со таа реторика беа и пред, и сега, по референдумот. Едни не препорачуваат избори, други се врзале за Договорот, никој не праша – што ви се случува внатре? Ама, важно ќе не биде. 600 000 гласаа. И досега, на ниедни парламентарни избори немало ваков одзив – новото тешење на Владата. Слаба гума за џвакање, од евтините.

Оваа есен освен на печени пиперки, ми мириса на стихијна депресија во форма на еуфорични најави, изјави, дела, собири и мозочни прекршувања во очајни обиди да се исправи стореното или да се роди нешто што ќе не разбуди. Бучен очај насекаде.

Знаете, на овој референдум се чекаше многу време, и на ваков референдум требаше да излезат сите граѓани и да гласаат „за“, со по некој исклучок, колку да се прошара. Многу попаметни луѓе пишуваа, укажуваа, и донекаде предвидоа ваков исход на владеењето на веќе не толку новата власт. Ама народ што ужива во својата непрекината бука, не може да слушне ниту славеј да му запее. А на душа ми лежат многу тажни работи, како и на многумина што живеат во оваа Македонија. Работи што се „шуткаат“ од еден до друг изборен процес, ама важно – ќе не биде.

Како што мириса, се гледаме на избори. Секој нека си носи панцир и пинцета, панцирот за заштита од силни и неочекувани удари од резултати, пинцета за проверка дали сонуваме или навистина се случува, што и да се случи.


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share89Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ