• Latest

Ништо не е случајно!

October 16, 2018

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ништо не е случајно!

October 16, 2018 10:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„На 11 октомври, Душко Гојковиќ ќе има концерт во Белград, во „Дом Омладине“. Го пропуштивме во Скопје пред две години бидејќи бев во шести месец со Јаким, сакаш сега да одиме, кој знае кога следен пат пак ќе свири, дополнително што и роденден му е на 14 октомври, па сигурно ќе ги спојат двете приказни во едно и ќе биде многу интересно. Свири со Биг Бендот на РТС.“

Горниве неколку редови се телефонскиот повик од Милена, мојата сопруга, кој се случи во месец Септември оваа година.

Војо Цветановски

Патувањето до Белград секогаш практикувам да ми е после полноќ, така беше и додека живеев таму, така е и кога патувам за Загреб, така беше и сега. Практикувам денот да ми е искористен и тука и таму. Преспивам по пат и го фаќам денот и таму целосно. Така беше и овој пат. Се качивме на автобусот кој од Скопје за Белград тргнува во 2 по полноќ. Го преспавме патот. Во Белград стигнавме во 8 наутро. Сончево е и дува од Дунав. Мене тоа не ми пречи, напротив. Седнавме на кафе, да земеме воздух пред да почнеме да го освојуваме поранешниот главен град на поранешната татковината. Кога го спомнувам ова поранешна вака на глас единствено на што можам да се сетам е дека само на нас Македонците во името на земјата ни остана зборот поранешна, како да сме од порано, а не од денес. Еве, јас искрено се надеваме дека тоа наскоро ќе се смени ќе бидеме денешни – Македонци.

Да се вратиме на темата.

Белград се менува, односно му се менува лицето. Нешто слично како што му се случи и на нашето Скопје. Во центарот на Белград се гради некаква си нова кула, за која пишува дека е новиот симбол на градот, потоа следува „Београд на води“, преместена на друго место е железничката станица која тука беше 125 години. Ете и тоа се случи. Ние плачевме за оревот стар 85 години кај Дал Мет Фу што го поместија за да го дислоцираат Цар Самоил за десет метри назад, а на овие железничката им ја поместија 125 години стара. И тоа преку ноќ.

Кога и да посетувам вакви градови во кои гледам како некои типчиња, да не ги условувам со некакви погрдни епитети, бидејќи според мене ниту тоа не го заслужуваат, кои силуваат нешто и тоа за личен профит, почнува да ми пулсира главата кај слепоочниците и добивам нагон за блуење. ОК, без разлика на се’, во мислите единствено ни е вечерашниот концерт на Душко Гојковиќ за кој сме дојдени тука и тоа ни дава сила да го игнорираме целиот овој треш околу нас.

„Игнорирај, вечер сме на Душко Гојковиќ“, и реков на Милена.

„Игнорирам“, веднаш ми одговори.

Кон центарот се искачувавме по Балканска улица, која исто така е раскопана целосно. Речиси едвај, по песок, камења и кал, каде постојано копаат багери чекоревме, каде се создава неверојатна прашина се’ до хотелот Москва, кој инаку е реновиран, барем мене така ми изгледаше од кога последен пат го видов во 2013. Конечно стигнавме до „Трг Теразије“. Од тука низ подвозникот се упативме кон „Дечанска 21“ каде што Игор и Душан, сопствениците на хостелот, инаку мои одлични пријатели приватно, топло не’ пречекаа. Се сместивме 4-тиот кат во нивниот хостел. На брзина оставивме се’ во соба и веднаш тргнавме да го видиме градот на што личи денес. Минавме низ „Дом Омладине“ кој е на 2 минути пеш од хостелот да ги земеме билетите за вечерашниот концерт на Душко Гојковиќ. Од таму преку „Трг Републике“ попознато и како (Код коња) кој исто така целосно е раскопан и се реновира, се упативме кон Калемегдан.

Прекрасен е паркот Калемегдан и целата тврдина таму. Диносаурусите + игралиштата за баскет + воениот музеј + и погледот на Ушче.

По кратко назад. Прошетка низ Дорчол, го посетивме местото каде што живеев на Дорчол, на кратко пиво „Код кројача“ кафе бар близу до БИТЕФ театарот инаку место познато во градот и по тоа дека чест гостин тука беше сега веќе покојниот Небојша Глоговац. Потоа на ручек на „Скадарска улица“ (именувана според градот Скадар во соседна Албанија) попозната и како Скадарлија, боемската четврт на градот, инаку и таа до половина ископана и постојано се копа, а на неа туристи, туристи, туристи … „боли глава“ што би рекле скопјани во сленг. Имав чувство дека туристичките водичи во земја пропаѓаа од срам додека објаснуваа што е што, а овие другиве одоколу копаат ли копаат, сечат дрва ли сечат дрва, ко да им е последно.

„Игнорирај, вечер сме на Душко Гојковиќ“, и реков на Милена.

„Игнорирам“ ми рече.

На ручек седнавме во ресторанот „Златни Бокал“ за кој текст за песна попозната и како „Мирка“ има напишано безвременскиот Ѓорѓе Балашевиќ. По ручекот, на одмор.

Концертот беше закажан за 20 часот. Пред „Дом Омладине“ стигнавме во 19:15, на едно кафе пред концерт. Околу 19:30 околу нас почнаа да се собираат џезерите, културните работници и сите оние кои се љубители на џезот и воопшто музиката на Душко Гојковиќ. Одеднаш пред нас се исправи прекрасен свет. Морам да повторам со големи букви, ПРЕКРАСЕН СВЕТ. Убавина од луѓе, убавина од лица, дотерани, насмеани, средени, ведри, духовити, да ти е мерак да ги гледаш. Ова е Белград кој јас го познавам од времето, ова се луѓето кои му ја даваат суштината на овој град, му го одржуваат духот на градот, на државата. Не, не е она што го гледавме денес додека шетавме, не е тоа Белград, не треба и овој град да е жртва на она во што некој сака да го претвори, силувајќи го. Кончено душата ми дојде на место кога ги видов вистинските белграѓани околу мене.

Во салата влеговме десет минути порано. Се сместивме на    балконот во шестиот ред на седиштата шест и седум. Целата убавина на Белград беше дојдена да го гледа маестралниот светско признат џез музичар Душко Гојковиќ кој живее и работи во Њу Јорк, кој, патем за три дена полни 88 години, односно на 14 октомври, а кој никогаш помладо не изгледал. Душко танцуваше на сцената како да танцува по дождот. Душко е неверојатно духовит, има одлична смисла за хумор, неверојатно е прецизен буквално во секој такт.

Душко Гојковиќ своевремено свирел и со Мајлс Дејвис, кому и му посвети песна на концертот, му посвети песна и на Дизи Гилеспи, посвети и триесетина минути џез за Скопје, за неговиот Белград, за звуците на Бразил, за животот кој го минал низ светот … ни посвети џез во времетраење од 120 минути на сите во салата во која едновремено сите цупкавме со стапалата во место и дишевме заедно со него, му дававме аплаузи на отворена сцена, не смееше, ни ја полнеше душата, нe’ правеше среќни сите до еден. Повеќе петстотини пати им дадовме аплауз на отворена сцена нему и на Биг Бендот на РТС, кој Душко не престануваше да го фали колку е добар.

За миг, дури да трепнеш заврши концертот. Некои 120 минути минуваат еден век, овие минаа за 3 секунди. За жал. Излеговме од салата. После овие импресии беше залудно да се оди некаде на пиво. Не сакавме да го уништиме чувството со кое Душко Гојковиќ ни ја освои душата. Веднаш појдовме во хостелот.

Спиење. Будење. Доручек. Ручек. Автобуска. Скопје.

Го отворив компјутерот и напишав неколку редови.

Денес постојат два или повеќе Белграда, за жал. Многу постои оној стариот, кој сите го знаеме, оној, урбаниот, духовитот, убавиот Белград. Постои и овој денешниов, претворен во треш. Град во кој се силуваат работите за некој да остави свој печат во него дека бил тука, дека владеел со него, но владеел на сила, не онака шмекерски како што и му доликува на еден белграѓанин. Мене душата ме заболи дека и таму, како и кај нас постојат такви силувачи и искрено се надевам што поскоро да заврши таа голгота во која живеат нашите пријатели таму и да се вратат онаму каде што припаѓаат. Во самиот врв на светската културна цивилизација.

На 14 октомври, ден недела напишав писмо со кое му го честитав роденденот на Душко Гојковиќ и како од ведро небо ме удри веста дека на 79 годишна возраст на роденденот на Душко Гојковиќ почина Милена Дравиќ. Избришав се’ и напишав: Ништо не е случајно! Ништо!

Print Friendly, PDF & Email
Share47Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ