• Latest
Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Куририте треба да се извинат за своите лаги

October 19, 2018
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Куририте треба да се извинат за своите лаги

October 19, 2018 21:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Зоран Заев (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, вечерва испрати писма до одговорните лица на порталот „Курир“, со барање да биде објавен демант со кој категоричнo се негираат изнесените лажни информации во текстот со наслов „Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи“, и до одговорните лица на порталот „Република“ за текстот “Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена“, исто така целосно исполнет со лаги. 

Во демантот на Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев се истакнува дека, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, објавен во Службен весник на РМ, бр. 143 од 14.11.2012 година, и врз основа на Член 6 од истиот Закон кој ја утврдува одговорноста за клевета, се бара повлeкување на текстовите објавени на порталите, на 19.10.2018 во 17:21 часот на „Курир“  и на текстот „Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена“, објавен на 19.10.2018 година, во 18:19 часот на „Република“.

Во реакцијата од Претседателот на Владата Зоран Заев, е наведено дека овие текстови се лаги и клевети кои со ниту еден аргумент не ги потврдуваат наведените тврдења, и така како што се напишани имаат единствено за цел да шират клевети, навреди и невистини за премиерот Заев.

Текстовите во порталите се исполнети со невистини и како такви создаваат лажна слика и наведуваат на апсолутно неточни заклучоци со кои се нанесува свесна штета на угледот на Претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев.

Барањето е овој демант да биде објавен во двата медиуми одделно, како и да биде објавено извинување и целосно повлекување на споменатиот текст, согласно Член 13 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, се нагласува во реакцијата и барањето за демант Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Премиерот Заев за исполнување на правото на демaнт се повикува и на Членот 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, во кој во ставот 1 од членот се вели дека „ако навредата или клеветата е сторена по пат на средство за јавно информирање или компјутерски систем, оштетениот има право да поднесе барање за објавување на одговор, демант или исправка во рок од седум дена од денот кога дознал дека е објавена, но не подоцна од еден месец од нејзиното објавување“.

„Врз основа на истиот Член 14, и на неговиот став 2 ве повикувам демантот, придружен со извинување, да биде објавен веднаш, или најдоцна во рок од два дена од доставувањето на ова барање, и на истото место и во ист обем, како и медиумските содржини што се предмет на оваа наша реакција (Став 3, Член 14)“.

Дополнително како текстови на демантот барам да биде објавено ова мое барање во целост, без ниту една уредничка интервенција со насловите: „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘Власта прави жесток притисок врз пратениците и ги уценува со сите можни работи’“, објавен на вашиот портал“, за порталот „Курир“, и „Категоричен демант на клеветите објавени во текстот со наслов ‘Пратениците стравуваат за личната и безбедноста на нивните семејства – низ собраниските ходници Заев не бира средства за уцена’, објавен на вашиот портал“, за порталот „Република“, пишува во барањето за демант на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Во писмената реакција до одговорните лица на порталите „Курир“ и „Република“ се истакнува дека доколку демантот не биде објавен во предвидениот рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата, согласно Член 19, Став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, пред надлежниот суд утврден со законот.

Ц. М.

Print Friendly, PDF & Email
Share104Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ