• Latest

Поддршка, славје, анализи и онлајн хајка

October 21, 2018
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поддршка, славје, анализи и онлајн хајка

October 21, 2018 13:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80те пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување – соопшти Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ден по гласањето за почеток на процесот за уставни измени.

„Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија. Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски. Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.

Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните.

Надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните го препознаат и поздравуваат овој историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување околу врвните државни интереси. Македонија се помирува, Македонија се обединува надпартиски и надетнички, 80 херои ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на земјата, време е сите да се приклучат.“ – се вели во соопштението.

Дека патот кон помирувањето ќе биде долг и тежок, сведочи и краткото соопштението што Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ речиси истовремено го објави:

„Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани.

Вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ. Македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја. Македонија ќе победи, затоа што секогаш победува правдата и вистината.“

Додека светот ја поздравува македонската одлука во парламентот, граѓанките и граѓаните на Македонија се впуштија во онлајн лов на предавници или во воспевање на „хероите“ што му свртеа грб на рускиот играч Мицкоски.

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот на Твитер напиша: „Прекрасни вести. Државништво пред партиски игри! Македонскиот Парламент со две третини гласаше за Преспанскиот договор. Огромен чекор напред кон ЕУ и НАТО. Честитки до Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи и сите македонски пријатели“.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц објави соопштение во кое силно ја поддржа оваа одлука на две третини од македонските парламентарци: „Тоа дава силен ветар в грб на напорите за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија следната година“. Како што објави МИА, Курц истакна дека приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е важен приоритет на австриското претседателство и дададе дека дури откако тие земји ќе бидат членки на ЕУ, Унијата ќе биде целосна.

И европратеникот Едвард Кукан го кажа своето мислење на Твитер: „Тоа е почеток на процес, но претставува многу значаен чекор напред. Би сакал да им честитам на оние кои го поддржаа Преспанскиот договор, кои покажаа лидерство и гласаа за европска иднина на нивната земја“.

„Јас сум најсреќниот министер во оставка“, изјави грчкиот министер за надворешни работи во оставка, Никос Коѕијас, пред средбата со премиерот Алексис Ципрас кој ќе ја преземе и должноста Министер за надворешни работи на Грција до изборите што ќе се одржат идната година.

„Честитки за македонскиот Парламент за гласањето за иницирање уставни измени, согласно Преспанскиот договор. Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ “, напиша американскиот амбасадор Џес Бејли на Фејсбук.

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Иво Вајгл, го поздрави единството на македонското Собрание кое го отвора патот кон ЕУ и НАТО. Тој напиша дека патот до одлуката на членовите на Собранието била „драматична“ и „тесна“, но дека со неа пратениците ги „заштитија виталните интересите на граѓаните на Македонија“. „Посебно признание оди за претставниците од опозицијата кои преземаа одговорност и кои, покрај притисоците и заканите на нивната партија, ја поддржаа европската и евроатлантската иднина на својата држава“ – пишува Вајгл.

Гласањето во Собранието, ЦИВИЛ го дочека подготвено. Една минута по гласањето, организацијата преку соопштение го поздрави успехот во парламентот и повика на разум и мудрост во периодот што ѝ претстои на Македонија. „Во овој миг, најважно е да надвладее разумот над емоциите. Да ја разбереме историската важност на процесот и перспективите што конечно се отвораат по оваа одлука на Собранието. Да ѝ дадеме простор на оваа одлука да се преточи во реалност и да го изодиме патот без непотребен шум, без колебања и ситничарење, без ступидни изливи на бесмислен национализам.“

„Време е за мир и прогрес! Време е да зачекориме кон иднината. Да прославиме еднаш без задршка и лоши мисли, без страв, обвинувања и “длабоки” анализи кој, кому и како… Само да наздравиме. Со широка насмевка. За иднината!“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ објавено една минута по гласањето во Собранието на 19 октомври.

М. Л.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share75Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ