• Latest

Црнила од „белиот дворец“

October 25, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Црнила од „белиот дворец“

October 25, 2018 15:13
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Мицковски се соголи до балчак, со патетичното видео-обраќање во кое за сите грешки и гревови во Македонија го обвинува политичкиот противник

Синиша Станковиќ

Истопорен на „стражарницата“ на еден од бројните симболи на грабежливоста и пљачкосувањето на Македонија, „белата палата“ во кој е сместено седиштето на екстремно богатата му партија, „војводата“ Христијан Мицковски, во недугавиот обид да го обели образот на ВМРО-ДПМНЕ за батакот во кој партијата цела деценија ја држеше државата, во карикатурално видео-обраќање ја навредува интелигенцијата на стотиците илјади паталци кои избегаа од татковината и на оние побројните, кои сѐ уште сакаат, или едноставно мораат, да живеат во неа. И без усул и дели лекции на јавноста!

Според него, „Македонија оди во амбис!“, а „валканата совест на лукративни поединци станала ноќна мора на нашиот народ“. По 11 години црна темница во Македонија, „висковолтажниот војвода“ се прашува кој го изгаснал светлото?! Лицемерие, драмење и патетика без исаф, аргументи а ла „јас не сум оттука“… Проѕирно и крајно дегутантно.

Мицковски порачува дека „оваа земја некогаш беше полна со живот!“, дека „за жал, одамна не е така“, како и дека „ сите добро знаеме кога почна и како почна и кој го почна ова што го живееме“. Како да е, скраја да е, жртва на струен удар (во некоја ќарена хидроцентраличка на пример, во периодот кога ојлевци-дојлевци вулгарно се богатеа, долносувајќи ја цената на човечкото достинство, море, и на животот на простосмртните, во пуста Македонија), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го бара виновникот за сета мизерија на „ова што го живееме“?

Како да заборавил дека сѐ почна во 2006, за од 2008 до 2016 (море, преку второ и третоешалонските инсталации во сите сфери на власта – за опструирање на обидите за реформи и на сѐ позитивно, па и со актуелните „сончогледи“, гревчиња кои мислат дека се спасуваат од зандана со слепо подаништво кон нов газда или плаќајќи со дел крвавите пари – ограбената иднина на младите генерации, и до ден-денешен!), да продолжи како срчосување на и она малку демократија која ја имавме. И, како стрмоглавување во невидена аздисаност на режимот на Фамилијата.

Токму затоа, делумно е во право наследникот на Никола Груевски, дека низ цела Македонија „чекорат луѓе со наведнати глави“! Да, илјадници си чекорат во круг, сѐ така, веќе трета деценија, надевајќи се дека нешто ќе се смени. Засрамени што дозволи(ја)вме да потон(ат)еме до ова дереџе, судбините на новите поколенија да ги кројат бескадарници, неграмотни сечикеси, на кои ништо не им е свето, а само Господ и Татковината не ги вадат од уста…

Потполно се согласувам со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека „сега, чесноста служи за потсмев“, како и дека „само едно е сигурно, не можеме да продолжиме вака…“. Чесноста навистина остана доблест само за наивните, откако оние чиј криминал го брани Мицковски, по цена на баталување на националните и државните интереси, од Македонија направија дувло на, до скоро, недопирливата криминална врхушка. Навистина, не можеме и не смееме да продолжиме вака! Зачекорени сме над бездната. Доста е! Верувам дека и на народот во кој се колне, му е збурбатено од глупави фрази за намалување на сопствената одговорност – оние, за безгрешниот народ. (Демагошката парола дека „народот секогаш победува“, многу одамна ја користеше и Бранко Црвенковски, кога тој се обидуваше да се „вади“ од некоја од бројните грешки…)

Навистина, доста ни е голгота, „војводо“! Ете, ветете, дека кога ќе се стабилизирате и покаете, Вие и Вашите сопартијци ќе се потрудите да остварите троа поасолен живот за сонародниците. Нѐ задушивте со испразни пароли! И вие и вашите политички противници, берете ум и тргнете според некоја понормална агенда. На пример: криминалците – зад решетки, ВМРО – во историјата, ДПМНЕ – во макотрпен процес за темелно прочистување и целосна реформа (за барем во иднина да биде каков-таков баланс на политичкиот опонент, зашто, според искуството од тажните деведесетти, СДСМ не е способен да владее без строг мониторинг и коректив, а според скандалите од последнава година, и добар дел од актуелните социјалдемократи – функциите за жал, ги сфаќаат како Фејсбук или Твитер чамче-муабет), а Македонија – назад во цивилизираната Европа, од која беше изолирана…

И секако, ДУИ да се скурдепса во цврсти правни рамки, со просејување и санкционирање на сите тендер-команданти, а СДСМ да се сепне од предолготрајниот еуфоричен мамурлак и Калимеро-фазата (чмаењето во сенка минатата деценија, не може вечно да биде оправдување, особено кога во ПР-армијата на власта, очигледно не се знае ни кој пие, ни кој плаќа) да ги исклоца мангупите во своите редови, и да се сврти конечно кон економијата, правејќи дефинирана листа на вистински приоритети за државата…

Зашто, Мицковски може и нема друг избор, освен да продолжи со следната епизода на „лимунадата“ за бранителите на името, за Св. Павле од Паљурци, античките корени и „Скопје 2014“, за „патриотите“ и „предавниците на каузата“, но, на неговиот „црн ѓавол“ – СДСМ, допрва треба да му светне бел ден. Нема иднина за државичкава само со хорски рецитации за унисоната посветеност кон евроатлантските интеграции. Ниту НАТО ќе нѐ брани, ниту ЕУ ќе нѐ рани, ако самите не се свестиме и оправиме, ако Македонија не стане правна држава на навистина еднакви граѓанки и граѓани. И држава во која, слоганите „Че си лежите!“ и „Парите да ги вратите!“, нема да бидат само понатамошно замајување на жедните за правдина, за да не почнат погласно да го изразуваат своето каење, поради тоа што наивно им послужиле како трамбулина на некои фотелјаши и повешти далаверџии, само (пре)облечени во поинаков дрес… Неопходна е јасна определба дека простувањето е индивидуална одлука, дека до помирување нема да се дојде со помилување на криминалци, како и дека законите не смеат да се кршат поради политички алаш-вериш.

Share85TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ