• Latest

Денис направи избор!

October 29, 2018

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Денис направи избор!

October 29, 2018 11:03
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Заедно… Заедно… Заедно… Заедно… одекнуваше гласно на последната заедничка фотографија која ја направија Денис и неговите најверни пријатели за крај на неговиот роденден. На фотографијата имаше околу триесетина луѓе, ако не и повеќе.

Војо Цветановски

28 октомври е сосем обичен ден. Беше сосем обичен, до вчера. Од вчера 28.10. стана необичен и тоа не само ден, туку стана необичен роденден, за кој искрено се надевам дека ќе постане традиционален, а понатаму ќе се претвори и во празник бидејќи освен тоа ништо друго и не заслужува.

Зошто?

Вака.

Сè почна во 12ч. попладнето. Се собравме сите на едно место за да го прославиме 46 роденден на Денис Јанкуловски од Скопје од Кисела вода. Полека, полека, луѓето се собираа на едно место. Забавата незабележливо почна. Целата спонтаност не дозволи да забележиме дека веќе длабоко сме навлезени во забава, а не беа поминале ни десетина минути. Се’ почна да тече како што треба. Насмеани лица, расположени тела, досетливи приказни, танцувања, прегратки … Денис го гледам – пресреќен. Го гледав од страна. Знам дека ова е она за што сонува. Го оставив раат, да им се посвети на неговите најверни пријатели.

„Види го ќе експлодира од среќа“, и’ реков на Јуле, која во тој момент стоеше до мене, а беше задолжена за фотографирање на роденденот.

Седевме покрај прозорецот. Во целата таа гужва Денис успеа некако да најде 30 секунди и за мене. Ми пријде и ми рече:

„Ова е тоа братче. Ова е тоа. За ова вреди се’ ова што го правиме. Види ги колку се среќни“, стана и се врати на подиумот каде што играа сите да продолжи да биде она што навистина е. Човек кој ги гледа боите онакви какви што се. Без дамки на нив. Го гледа само сјајот.

На подиумот се скокаше, се играше, зумба, јога, танцуваа шеретски, си намигнуваа … имав чувство дека најголемите шизици и шизики се околу нас. Слика од милион долари.

Меѓу сите на подиумот со златните медали околу врат и костимите од победата беа присутни и светските шампиони од Киелце – Денсерс Јунајтед МК, шампиони во танцување, кои само што се вратија од турнирот во Киелце. Нивното присуство на подиумот и ритмиката со која го следеа звукот на „Ед Ширан“ дополнително го креваше и нивото и адреналинот. Кај сите.

Заедно минавме два часа, полни со емоции. Емотивниот бран кој ми стоеше некаде меѓу стомакот и грлото и беше видно бурен за целото ова време на неколку пати успеа да пукне, не успеав да ја задржам течноста која на моменти тајно извираше од моите очи. Никој не го виде тоа, не го виде ни Денис, ни сите таму. Нема да го видите ни вие.

Роденденот заврши. Си дојдов дома. Го вклучив телевизорот. На ТВ одеше филмот „Зборови“ во режија на Брајан Клугман и Ли Стрентхал со Бредли Купер во главната ролја. Во филмот игра уште и Џереми Ајронс. Нема да ви го раскажувам филмот, не е тоа темата, но, топло ви го препорачувам да го погледнете доколку тоа до сега не сте го направиле. Во овој филм и тоа како има што да се види. Некаде кон крајот на филмот Џереми Ајронс му вели на Бредли Купер, парафразирам: „Сите правиме избор во животот. Тоа е полесниот дел. Потешкиот дел е да живееш со сопствениот избор“. Оваа реплика ми беше доволна мотивација за веднаш да го отворам компјутерот и напишам неколку редови за Денис.

Седнав на компјутерот и напишав наслов.

Денис направи избор!

Градските легенди се околу нас. Секогаш сум велел дека за нив треба да се пишува на долго и на широко. Нивната скромност е толку голема што речиси ги прави слепи оние кои по задолжение треба да ги кренат највисоко на скалата на која ќе светат најсилно и со својата идеја ќе не’ поведат сите на вистинскиот пат.

Целта на живеењето според моето скромно мислење е дека во овој живот треба да си поминеме убаво каде и да се сме и со кого и да сме. И ништо друго не е важно. Важно е убаво – квалитетно да си поминеме во овој живот. Бидејќи животот се брои според сеќавањата, а не според годините. Барем за мене. Јас и ја живеам оваа теза. Истата им ја пренесувам и на моите најблиски, моите најмили, дека нема ништо поубаво од тоа човек да си помине убаво во овој живот и во ниту еден момент за ништо да не жали. И искрен да бидам за ништо не жалам. Но, откако Денис се појави во мојот живот сфатив дека има нешто и над тоа, дека границите не се тука каде што јас си ги поставив, дека може да се оди уште и во ширина, и во длабочина, и слободно да се лета.

Го сретнав многу случајно. Едно претпладне кај гаражите во Кисела вода, кај мене зад зграда. Уште по(не)случајно тој остана во мојот живот повеќе одошто тоа требаше да биде, повеќе одошто претпоставував, повеќе одошто било кој друг во овие тешки времиња за развивање на ново пријателство, кое, реално гледано е сведено на мислена именка, тој остана до мене, како мој многу многу близок пријател, или како што би рекол Денис: „Вrother from another mother“.

Ме плени неговата искреност. Почнавме да се среќаваме се’ почесто и почесто онака, незадолжително. Ме замоли да му помогнам околу еден настан. Помогнав без збор. Го сработивме настанот кој се случи овој април на школка во парк. Потоа ми рече дека сака да работи вакви работи, па го ангажиравме и на Статуафест. Целосно се даде на Статуафест, во логистичка и теренска смисла. Јас во него почнав да гледам човек на кого можам да се потпрам без да имам грижи додека сум фокусиран на другите работи кои ги работам. Тој едноставно секогаш е тука, кога и да го побараш и ќе рече „Што треба?“.

И додека го работевме Статуафест и одевме од локација до локација во кола на семафори ми кажа дека спрема нешто многу интересно за крајот на октомври, односно за неговиот роденден, но, дека сега нема да ме замара со тоа, прво да сме го завршеле фестивалот. Фестивалот заврши. Денис почна да го работи она за што ми ‘начна’ во кола, на семафори. Го нарече ‘Необичен роденден’. Останатото е веќе историја и е запишано во редовите погоре.

Да бидам искрен, Денис со својот пристап кон светот силно влијаеше и врз мене. Ме натера да ги гледам боите во нивниот вистински колорит, без дамки на нив. Ме научи сјајот да им го видам. Успеа да го врати тоа кај мене. За тоа сум му многу благодарен. Ме натера повторно да почнам да верувам дека на светот уште постојат добри луѓе, луѓе кои сакаат да се тука за останатите и несебично, ама вистински несебично да ја делат среќата во сите нејзини количини.

Денис направи избор. Тој одлучи овој живот да го помине помагајќи им на другите, особено на оние кои навистина имаат потреба од топлина, позитивна енергија, другар крај себе.

Колку од нас имаат направено избор?

Денис Јанкуловски според мене заслужува да се стекне со титула почесен граѓанин на град Скопје и Република Македонија. И ова најнескромно го кажувам. Ваквите луѓе треба да бидат посебно негувани од страна на институциите бидејќи тие несебично ја делат сопствената среќа со останатиот свет.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share88Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ