• Latest
16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

Партиски лакрдии

November 6, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Партиски лакрдии

November 6, 2018 11:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

16. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Фото: Јана Поповска/kolektif.mk

Share on FacebookShare on Twitter

На сопствен ризик новиот портпарол на СДСМ Костадин Костадинов вчера побара ОЈО да ја истражи вистината за спрегата на Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали.

Зошто на сопствен ризик – затоа што очекувано беше ВМРО –ДПМНЕ да врати на ваков тежок удар по нивниот интегритет и нели чистиот образ.

Па така денеска ВМРО – ДПМНЕ излезе со соопштение дека Портпаролот и пратеник од СДСМ Костадин Костадинов ја вработил мајка му Фанија Костадинова во Централниот регистар на Струмица.

И затоа што немало непотизам во нивно време, односно имало ама тоа е минато, а ние сега чекориме кон иднината, па овој СДСМ –овски непотизам е пострашен и крајно неморален.

„Дали пред време се знаело дека мајката на портпаролот Костадин Костадинов ќе биде вработена во институцијата и затоа се бара исполнување на само два основни услови? Дали мајката на Костадинов e најмладиот и најперспективниот кадар со средно образование во Струмица и околината?“, прашуваат од ВМРО – ДПМНЕ.

Во очекување како ќе одговори на овие вмровски факти Костадинов, фокусот на СДСМ, како партија на власт, е за нив многу пострашен конфликт на интереси.

„Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала“, велат од СДСМ.

Понатаму, во предвид треба да се има дека на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Документите за оваа „зделка“ се јавно достапни, Костадинов уредно ги презентираше на вчерашната прес – конференција, а од ОЈО се очекува да реагира што може побрзо. Тоа дека мајката на Костадинов е вработена во Централен регистар во Струмица, излегува дека Костадинов и бил скромен.

Како и да е ВМРО – ДПМНЕ упорно докажува дека Заев и СДСМ ги уништија институциите, а СДСМ очекуваат истите тие институции да си ја вршат работата согласно законите. Тоа подразбира и Мицкоски еден ден во блиска иднина во чекори да го стигне менторот Груевски?

Желбите се едно, можностите сосема друго. Во очекување Груевски конечно да го премине прагот на Шутка, а Мицкоски да го смени во обвинителска клупа препорака е да се искористи убавото време за прошетка и пуштање мозок на паша од дневно политички партиски лакрдии.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вмрообвинувањаСДСМсоопштенија
Share58Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result