• Latest

Сообраќајниот хаос владее во Скопје

November 7, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сообраќајниот хаос владее во Скопје

November 7, 2018 15:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Изминатиот период во центарот на вниманието, како и почетокот на секоја зима во Македонија, најголем проблем е загадувањето на воздухот и проблемот со сообраќајот, особено во Скопје. 

Главниот град има голем проблем со сообраќајот во текот на целиот ден, без разлика дали е тоа наутро во 8 часот, попладне во 12 часот или во 17 часот, кога луѓето заминуваат од работа. На прашањето зошто во Скопје има толку голем метеж во текот на целиот ден, од Град Скопје ни одговорија дека работат на планови за нови капитални сообраќајни решенија, со кои би се подобрило одвивањето на сообраќајот во Скопје и дека сето тоа би се остварило со реализација на поголем број на клучни решенија, од кои и повеќе од тие решенија се во нивна реализација.

„Првиот е изградбата на тунелот под Кале и мостот преку реката Вардар. Со овој проект ќе се добие ново сообраќајно решение со кое ќе се продолжи булеварот „Свети Климент Охридски“ и преку мост на Вардар и подземните тунели, ќе се поврзе со улица „Никола Карев“ (Пластичарска). Со реализацијата на овој капитален проект ќе добиеме поврзување на центарот со повеќе други магистрали, а неговата изградба значително ќе го намали притисокот и метежот на дел од булеварите Крсте Петков Мисирков и Цветан Димов. Овој проект е во фаза на изработка. Вториот проект е изградба на ново поврзување со Аеродром, преку поврзување со Ќерамидница и изградба на нов сообраќаен мост на реката Вардар. Со овој проект, Аеродром ,како најбројна општина и општина со најголем урбан развој, ќе добие нова сообраќајна алтернатива и поврзување со центарот на досегашната Кузман Јосифовски Питу. Овој проект е во финална фаза на подготовка и во наредниот период ќе започне неговата фазна реализација, со проширување на дел од булеварот АСНОН и негово пробивање до реката Вардар. Во моментов се работи и на изградба на новиот булевар Босна и Херцеговина во Бутел, кој е продолжение на постоечкиот булевар Словенија, како и втората фаза од проектот за изградба на булеварот Христијан Тодоровски Карпош и негово поврзување со обиколницата, со која Бутел ќе добие нова сообраќајна алтернатива на улицата Бутелска, а овој дел од Скопје ќе добие нов побрз излез од градот преку поврзувањето со обиколницата“, велат од Град Скопје.

Од Град Скопје велат дека и какви било блокади или запирања на сообраќајот, дали се тоа сообраќајни незгоди, градежни активности или пак протести, на која било локација предизвикуваат проблеми и го нарушуваат нормалното одвивање на сообраќајот, и дека тоа води до пренасочување на сообраќајот на возилата, како и на трасата на движењето на автобусите на јавниот превоз.

На прашањето што планира Град Скопје да направи во однос на метежот низ градот и загадувањето, дали се планира да се воспостават некои мерки за сообраќајот, тие велат дека во поглед на загадувањето, сообраќајот секако е причинител на истото и дека работат на повеќе проекти, како оптимализација и модернизацијата на јавниот транспорт, како што е набавката на 40 нови еколошки автобуси, користење на мерки за промоција на комбиниран јавен превоз со велосипеди, инвестиции во велосипедска инфраструктура, промоција на системи за споделување на возила и многу други проекти.

Овие проблеми и прашања не се нови, како за главниот град, така и за територијата на цела држава. Скопје беше прогласен за шестиот најзагаден град пред неколку дена. Диви депонии кои горат низ целата држава… Останува прашањето дали и оваа зима ќе се гушиме од смог или конечно локалните власти ќе ги преземат овие проблеми како најважни за нивните граѓани и ќе се потрудат конечно да се стави крај на овој хорор.

А. Петровска 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result