• Latest

Кој е крив?

November 14, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој е крив?

November 14, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

После повеќе од еднодецениски режим, пустошење на државните институции, силување на правниот и уставниот поредок, тотално испревртување на вредносниот систем, се случи промена на власта. Промената на власта дојде со паролата НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР! Најсоодветната парола која наговестуваше доаѓање на правдата и исправање на стотици илјади неправди. Скоро и да нема граѓанин кој не се почувствувал обесправен на одреден начин за време на режимот. И покрај тоа што граѓаните срушија режим со пенкало, испораката на правдата доаѓа некако бавно…

Ване Цветанов

После парламентарните избори, режимот не попушташе, и со сите сили го опструираше процесот на формирање на влада. Чинот на именување на Претседател на Собранието, како основен предуслов за профункционирање на новото парламентарно мнозинство беше миниран со терористички акт – Упад во законодавниот дом и обиди за убиства на пратеници, крвава слика која што до денес не можеме да ја избришеме од нашите сеќавања.

По формирањето на новата Влада, реформските процеси и развојот на институциите, како основни предуслови за враќање на процесот на владеење на правото, беа минирани на најразлични начини. За тоа во друга прилика…

После повеќе од една година и неколку месеци функционирање на новата Влада, најголемиот број од граѓаните ја очекуваат правдата. Огромен број граѓани чекаат правда во одредени институции, некои правдата ја очекуваат во јавната администрација, а некои ја очекуваат на суд. Но, правдата доцни, ја нема, а за некои не е ниту на повидок.

Кој е виновен за задоцнетата правда?

Сите ние по малце. Некој повеќе, некој помалку. Заборавивме дека за градење на нешто е потребно двојно или тројно повеќе време отколку за рушење. Штетите што ги претрпевме за време на дванаесет годишен режим, многу е тешко да се исправат за нешто повеќе од една година.

Се создава нервоза која се базира на нереални очекувања. Најголемиот дел од нас очекувавме дека за многу кратко време ќе се решат нашите проблеми, и ќе се санираат последиците од режимот. Заборавивме! Заборавивме дека сме многу. Заборавивме дека сме неколку стотици илјади граѓани. Забоавивме дека не е можно да се решат сите проблеми за толку кратко време.

Но, има еден многу поголем проблем! Критичката јавност заборави дека Владата и премиерот не се единствените одговорни во процесот на реформи, заборавивме дека во тој процес имаме многу институции и независни тела, кои имаат и ингеренции и одговорност, да покажат самоиницијативност и да понесат дел од товарот.

Најголемиот дел од нас, очекувавме најодговорниот за инсталирањето на режимот, да го видиме во затвор. Чекавме да поминат судскиот процес, чекавме пресуда, па колку години ќе била првата Пресуда, па чекавме Одлука на Апелација, па чекавме жалби, процедури, упатен акт, собраниски комисии и седници. На крај го чекавме пред затворот Скопје – Скопје. Но тој не дојде. Не се појави! Викендот сите очекувавме некоја вест за него, но тој како да пропадна во земја. Му се исполни желбата „повторно сите да го бараме“…

Но зошто сите го чекавме денот кога ќе го видиме позади решетки? И покрај тоа што немаме никаква лична корист од тоа, и покрај тоа што со неговото влегување во затвор нема да се исправат неправдите, или пак да се санираат дел од направените штети во нашите животи, ние го чекавме тој ден? За да се задоволи дел од правдата. За да се испрати порака за во иднина. За да спиеме помирно, дека злосторникот е на сигурно…

Но, и после толку години чекање, да ја видиме правдата на дело, да го почувствуваме нејзиниот мирис и вкус, доживеавме разочарување.

Злосторникот не поздрави од Унгарија, повторно облечен во јагнешка кожа и глумејќи жртва. Овојпат, животот му бил загрозен, а заборавил да го повика обезбедувањето. Па нели, за да го има тоа обезбедување од 6 души, менуваше закони. И јас лично претрпрв многу закани поживот, секаков вид на тортура, па преживеав. Очигледно е дека станува збор за лага и за планирано бегство.

Но, после бегството, најголемиот дел од граѓаните се почувствуваа изманипулирани, измамени, предадени… Почнаа да кружат шпекулации за некакви подземни политички преговори, пазарења, договарања…Дали е така? Дали е виновна извршната власт? Дали е виновна Владата? Дали е виновен Премиерот?

НЕ. НЕ СЕ ВИНОВНИ. Ако се сеќавате, на времето, Бранко беше крив за се, а сега некои структури се обидуваат да создадат слика дека Заев е одговорн за се што се случува во државата и дека Заев е крив за секоја грешка или пропуст.

Согласно судската пракса во Македонија, согласно судската пракса во најголемиот број на демократски држави во светот, НЕ ПОСТОИ ПРИМЕР, ЗА ОСУДЕНО ЛИЦЕ СО ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА, А ОБВИНЕТО ВО УШТЕ НЕКОЛКУ ГОЛЕМИ СЛУЧАИ ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ, ДА НЕ СЕ ПОБАРА МЕРКА ПРИТВОР! Секаде во светот, а и кај нас во Македонија, после вториот обвинителен акт, секогаш се барала мерка на претпазливост – Притвор! А нема случај каде и после третиот обвинителен акт за едно исто лице, да не е побарана и да не е определена мерка притвор! Причините се јасни, ОПАСНОСТ ОД БЕГСТВО!

Никој што е свесен дека сторил кривични дела, што знае дека има докази за истите, и дека го очекуваат пресуди со затворски казни поголеми од 10 години, а располага со милијарди евра, нема да седи со скрстени реце, и да чека да си влезе сам во затвор.

Претседателот на Основен Суд Скопје 1 – Скопје, излезе во јавноста и информираше дека освен мерка на претпазливост за одземање на патна исправа, СЈО никогаш и не побарало мерка притвор за случајот Титаник за осудениот Никола Груевски!

После бегството, патната исправа им остана подарок на инволвираните во процесот, и не им останува ништо друго освен да се сликаат со тој пасош, за спомен и долго сеќавање. Нека си го врамат пасошот во СЈО, до врамена фотографија од Драган Даравелски, уште едно осудено лице за тешки дела, за кое има распишана потерница, а СЈО го третира како жртва. Може да им текне после некоја година и Никола Груевски да ни го претстават како жртва и преку видеоконференциска врска да ни го донесат како сведок на некое судење, кој знае?

И за крај, еве еден конструктивен предлог до СЈО, нека си побараат мерки притвор за останите членови од бандата на Груевски, за да не мора да се сликаат и со нивните пасоши.

 

(Ване Цветанов, екс-директор на Агенцијата за спречување на перење на пари, подоцна обвинет во судско-полицискиот случај „Шпион“, сега лидер на невладината „Зелена лупа“.)

 

 


ЗАБРАНЕТО И ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share77TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ