„Почитувани граѓани, од денеска стапува во примена законската обврска да ставите синџири кога одите на пат, во спротивно следува казна“, објавува Оливер Спасовски во фото монтажата на Милчо Вељаноски, која ја сподели на својот фејсбук профил.
Во продолжение коментира и поранешниот премиер, Никола Груевски, кој замина во Будимпешта за да побара политички азил од Унгарија.
„За мене не важи ова, мене не успеавте да ми ставите синџири“, вели Груевски.
Покрај Груевски, на шегата се појавуваат и унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин, како и Миле Јанакиевски и Сашо Мијалков.
По заминувањето на Груевски во Будимпешта, на граѓан(к)ите во Македонија им преостанува да извлечат некаква шега од целата ситуација…
А. П.