• Latest

Поздрав, Митке!

November 26, 2018

Фон дер Лајен од Тирана: ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија, Путин избегнува мир

May 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европските лидери од Самитот во Тирана едногласно најавија санкции против Русија; Дијалогот меѓу Косово и Србија неизбежно ќе биде предмет на дискусија Самитот

May 16, 2025
Фото: ССНМ

Отворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство 2025

May 16, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025

Украина ќе добие 84 милиони долари од Светска банка за обнова на станбена инфраструктура оштетена во војната

May 16, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Германскиот канцелар ѝ се заканува на Русија со нови санкции поради непојавувањето на Путин на разговорите во Истанбул

May 16, 2025

Реакции: „Ќе им дадат помош пред избори и ќе ги обработат да не протестираат повеќе“; „Туѓи деца, не ги боли“; „Ќе дадат свој предлог пред избори и ќе го усвојат“…

May 16, 2025

Калас: Проширувањето и е неопходно и на Европската унија

May 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 50 Палестинци се убиени откако Израел започна офанзива во северна Газа

May 16, 2025

16 Мај – Ден на ромскиот отпор против нивното планирано погубување од нацистите во Аушвиц-Биркенау

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Поздрав, Митке!

November 26, 2018 10:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 Во 2002 година почнав интензивно да патувам на релација Софија – Скопје за да си најдам работа, тука во Скопје. Сакав тоа да е место во некој од театрите каде ќе можам слободно да ја искажувам сопствената театарска естетика. Еден мој близок пријател – актер, во тоа време работеше во приватниот театар на Мите Грозданов.

Војо Цветановски

„Дојди утре во Драмски, работам претстава со Мите Грозданов, не е лошо да те запознаам со него. Мислам дека ќе го фасцинира тоа дека знаеш пантомима, а и ти ќе се фасцинираш од него, верувај ми. Маестрален е. Одличен му е пристапот. Ќе те најавам дека ќе дојдеш на проба, ми се чини дека тој нема да направи проблем околу тоа. Биди утре во Драмски во 12ч“.

За мене Мите Грозданов беше и засекогаш ќе остане една од најголемите легенди на македонското глумиште. Кога ми рече пријателов дека имам шанса да се запознаам со него и одблизу да разговараме за театарот, а и за други работи, тоа за мене беше и повеќе од доволно за со нетрпение да го чекам утрешниот ден, да појдам на пробата и да се ракувам со големиот Мите Грозданов.

Се избричив, се дотерав и се упатив кон Драмски. Стигнав во 11:45ч. Пробата веќе беше почната. Во таа 2002 година тој веќе имаше почнато интензивно да се занимава и со театарска режија. Играше во претставите, но, повеќе режијата го интересираше, барем така тогаш зборуваа оние кои му беа од блиското опкружување. Потоа кога го запознав подобро, излезе дека навистина е така. „Така сум најпродуктивен“ знаеше да каже.

Влегов во салата во која тој ја подготвуваше Коштана со неговиот приватен театар „Македонија“. Вратата на затворање крцна. Тој тоа го слушна. Ја прекината пробата. Јас се сецнав. Застанав како здрвен на крајот од ходникот до последниот дрвен носечки столб под една од оние мали сијалици на кои пишува ТИШИНА.

„Кој е?“, викна Мите со неговиот длабок и продорен глас.

„Тоа е мојот пријател за кој ви зборував дека денес ќе дојде да се запознаете“, рече мојот пријател од сцената.

„А ха“, одговори. „Влези чедо, седни некаде, смести се удобно. Само што почнавме, ова ќе потрае малку подолго“, рече од првиот ред и повторно си седна на место. Плесна со рацете и викна: „Ајде“.

Седнав во последниот ред. Ја изгледав пробата до крај, која траеше прилично долго, некаде до 18ч. Немаа ниту класична пауза. Тоа беше време кога уживав во театарот. Воопшто не ми беше напорно да гледам долги проби. Актерските мајстории кои им ги даваше Мите како индикации за тоа како треба да постапат на сцената актерите кои играа во неговата претстава беа феноменални. Со секоја нова индикација учев повеќе и повеќе. Навистина уживав во секоја негова борба со текстот, со решенијата, со пристапот на актерите за тоа како да направат подобра претстава. Кога заврши пробата и им дозволи на актерите да појдат во гримиорните да се преслечат, пред да го одржи последниот говор на пробата, се сврте кон мене.

„Дојди тука, седни до мене“, ми викна.

Бевме сами во салата. Пријдов. Седнав до него. И вообичаено почна да ме прашува: кој сум, што сум, од кај сум, чиј сум, ме прашуваше за академијата во Софија, ми кажа кои професори ги познава од таму, колку се блиски, ми рече дека планира да прави други претстави со овој негов приватен театар. Кога се вратија сите актери на сцената ги седна во салата, стана и ме праша:

„Дали сега за крај на оваа проба ти ќе ни дадеш една посластица и ќе одиграш една пантомимиска етида?“

„Се разбира дека ќе ве почестам“,реков. „Задоволството е мое“.

Тој направи штимунг. Го изгаси целиот театар. Остави само еден рефлектор да работи кој создаваше кружна светлина на средината на сцената. Јас мојата етида требаше да ја одиграм токму во тој круг од светлина.

„Вака најдобро ќе се исцрта и види целата техника која ќе ја демонстрираш сега на сценава“, рече.

„Така е“, потврдив.

Не бев соодветно облечен, но, тоа воопшто не ми пречеше, бидејќи одоздола ме гледаа актери – колеги, а меѓу нив е и големиот Мите Грозданов кој со нетрпение чекаше да почнам. Ја одиграв етидата „Мајсторот на маски“ од Сами Молхо. Мите беше фасциниран. Не можеше да престане да ракоплеска. Стана и на глас рече:

„Ова треба да го знае секој актер, добро, не до толку, бидејќи ова е посветеност кон професијата – панотмима, но, сметам дека секој актер треба да знае да игра со телото, многу повеќе одошто тоа е случај тука кај нас“.

Ми дојде убаво на душата. Потоа ме покани во неколку негови проекти кои ги работеше со истиот тој театар да ги работам невербалните сцени. Почна многу да го користи невербалниот израз во театарот бидејќи сакаше да вметне новитети на македонската театарска сцена. И тоа до некаде му успеа.

Во 2003 година во месец април дипломирав режија во еден од скопските театри со претставата „Просидба“ според А.П.Чехов. Нормално на премиерата беше поканет и Мите. И дојде. Го видов кога влегуваше. Претставата траеше не повеќе од 60 минути и имаше многу невербален театар во неа, што, на мое изненадување, а и жалење истовремено наиде на големи критики од страна на тогашниот директор на театарот. Ситуацијата беше многу тензична. Особено последните две седмици пред премиерата. Бев под невиден притисок. Секакви работи се изговараа адресирани до мене. Ги поднесов стоечки бидејќи знаев дека тоа е вистинскиот пат, оној по кој треба да оди мојот театар, театарот каков што јас го замислувам. А и на театарските сцени во Софија на голема врата беше влезен овој таканаречен нов правец, нов бран. Дури и големиот Александар Морфов и тоа како се служеше со ваков пристап.

На коктелот пристигна и Мите. Имаше гужва. Но, тој успеа да ме најде во гужвата. Не знаеше за ситуацијата во која се наоѓав, односно во која бев поставен. Стоев во друштво на директорот на театарот. Неподносливо беше тоа за мене. Мите пријде до мене и на глас почна да зборува:

„Алал да им е што те ангажирале тука да ја работиш дипломската претстава. Ова е новиот театар, ова се новите форми кои на голема врата ќе влезат во годиниве што надоаѓаат и ќе станат главен двигател на театарскиот израз воопшто, во целиот свет. Нема веќе простор за досадни и долги претстави во кои само се зборува. Потребна е игра, телесна игра, потребни се брзи и „едноставни“ решенија, потребни се кратки и јасни претстави во кои мајсторот – режисер ќе успее да ја спакува целата приказна и нема да ја малтретира публиката со саати. Уште еднаш ќе кажам. Браво за театаров што те ангажирал. На здравје во името на тоа“.

Тоа беше шок и за мене. Ќе се расплачев додека го слушав како зборува на глас пред сите. Мите ме фалеше безусловно. Тоа беше ноќ за паметење.

Потоа, Мите ме ангажираше уште во неколку проекти се’ дур не заминав во Хрватска во 2011 година. Од тогаш па наваму не се гледавме толку често. Јас не бев тука, а и максимално се посветив на уличниот театарски израз. Се гледавме од време на време, чисто да се прашаме како си, што си, до кај си …

Мите Грозданов ќе го паметам по тоа дека тој беше првиот кој ми подаде рака кога дојдов во Македонија, веруваше безусловно во мене и кога грешев, а грешев несомнено, како и сите останати што грешат, но тој знаеше да најде начин како да ме окуражи за да не западнам во непријатна ситуација, секогаш кажуваше само пофални зборови за мене и никогаш не дозволи во негово присуство некој да каже лош збор за мене.

Вчера Мите Грозданов не’ напушти засекогаш.

Ќе остане запаметен по неговата маестралност во полето на театарот, филмот, ќе остане запаметена и неговата добра душа која во меѓувреме и преку поезија ја искажуваше сопствената мака, радост, остроумност, ќе остане запаметен како херој на едно време кое никогаш, барем јас нема да го заборавам.

Вечна Ти Слава Маестро!!!

Print Friendly, PDF & Email
Share86Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ