• Latest

Кој слави на 28 ноември

November 28, 2018
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој слави на 28 ноември

November 28, 2018 12:33
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе неколку дена сигурно забележувате дека на социјалните мрежи, поточно на Фејсбук, пријателите Албанци си ги менуваат своите вообичаени профилни фотографии и наместо нив, во најголем број ставаат разни репродукции од црн двоглав орел, на црвена површина. Целосната фотографија го претставува албанското знаме. Секако, ќе речете зошто не го нареков „знамето на Република Албанија“, наместо албанско знаме, но малку подолу ќе ви објаснам и зошто.

Пишува: Дијана Тахири

Во бурата на „високонационална освестеност“ во Македонија (во најголем дел ќе се задржам тука затоа што, нели, Македонија е нашата заедничка држава, и за многумина и татковина и родна земја),  од страна на Албанци, Македонци, понешто Срби, ретко Турци, Власи обвиткани (сè уште) во македонска културолошка плацента, Роми со нула национално чувство и со уште помалку чувство за себепромоција и себеоддржување во секој животен аспект, од поново време се повеќе Бугари, и, нека ми простат сите други што нема да ги спомнам (во интерес на времето), се повеќе си пречиме едни на други во смисла на искажувањето на љубовта и гордоста кон националната припадност. Ако се загледаме подлабоко, всушност, се повеќе си пречиме еден на друг  интранационално, во добар дел заради егзибиционистичкиот и опортунистички пристап и употреба на националните симболи и ликови, со сезонска намена од страна на одредени политички структури, чии единствени цели се приближување до народната маса со масовна и невкусна употреба на националните симболи, како добар параван и дистракција од нивните вистински акции, интереси и приоритети, добро познати на цела јавност. Овој начин на изразување на национални чувства е многу присутен во нашето општество, посебно пред празниците што одбележуваат важни датуми на историски случувања на еден или друг народ, со прилично зајакната експресија во различни форми, и често иритирачки за многу вкусови. Сепак, ваквите денови не треба да се заборават и да не се одбележуваат, секако, пожелно е ( а се надевам и дека во иднина ќе се оствари оваа моја, и не само моја желба) одбележувањето на важни датуми за националностите во нашата земја, да се одвиваат во насока на високо почитување на историската важност на другиот, со пристојни и културни манифестации, и честитики. За срдечни, ќе треба уште време. И ќе ве замолам љубезно, не плашете се и не замерувајте на денешниве напливи на национални чувства, затоа што ќе поминат со првото сонце по денов.

28 ноември е денот на Албанското знаме, и датира уште од 1443 година, кога за прв пат било подигнато  од Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу на калето во Круја – Албанија, и се веело 25 години. Во 1912 година, на 28 ноември во Влора (Валона) -Албанија, на повикот на Исмаил Ќемали се собрале највисоките претставници на Албанските покраини: Луиѓ Гуракуќи, Реџеп Пејани, Митхат Фрашери, Јани Минга, Сали Ѓука, Димитер Зографи, Дом Никола Кацори, Леш Носи и многу други. Националното Собрание на Влора ја прогласи независноста на Албанија, и го состави првото Собрание на Албанската држава. За претседател на Собранието и прв претседател на Владата на Албанската држава бил прогласен Исмаил Ќемали. Ова е една телеграфска и површна информација за значењето на денешниот датум, и најверојатно ќе се запрашате зошто е толку важен овој датум за Албанците во Македонија, кога не се државјани на Албанија!?

Ќе се потрудам да бидам кратка во обидот за објаснување на нешто што го објасниле долго и широко многу попаметни и поречити луѓе од мене, а за историските белешки можете да ги најдете ако се потрудите малку, и секако, доколку ве интересираат.

Албанците со своето физичко и културно историско присуство се простираат на речиси сите простори на Балканот. Од Јадранското крајбрежие на Истра па до Јонското и медитеранското во Грција, и да ви откријам, од малку подолу од Белград, почнувајќи од Аранѓеловац па до Охрид и Струга, и во другите соседни држави со висока видливост на присуство и живеење на Албанци. Говориме на ист јазик, во два главни дијалекти со многу поддијалекти според подрачна припадност. Живееме на различни земјени површини што ги нарекуваме и чувствуваме наши држави и родни земји, со три главни верски определби, католичка, исламска и православна, и атеисти во пораст, со една национална традиција и многу попримени традиции со текот на историските превирања на просториве, итн. Црвеното знаме со црниот двоглав орел за нас Албанците е најважниот национален симбол, во смисла на национално единство, и по кое знаме се препознаваме и распознаваме по белиот свет, меѓусебно и од други, и слободно може да се нарече „светиот грал„ на сите Албанци. Чувството кон знамето (и јазикот) ги надминува и најчистите верски чувства, па затоа е позната и максимата на Албанците –„ Верата на Албанците е Албанстовото“.

28 ноември е ден што се повторува неколку пати во историјата на Албанците, како ден на којшто се случиле многу ослободувања.

Нека ни е честит, и да доживее уште многу ослободувања!

[divide]

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Share35TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ